Извршена нова операција над Марк Маркез.

Нова операција беше извршена врз десната рака на Марк Маркез поради бавното заздравување на коската.

Операцијата која беше направена во Мадрид од страна на докторите Самуел Антуња, Игнасио Роџер, Хуан де Мигуел, Аитор Ибарзабал и Андреа Гарсија Виланова се состоеше од отстранување на претходно вметнатата плочка и на истото место беше ставена нова плоча.

Операцијата траеше осум часа и заврши успешно.

 DSC4556 copy

Денеска по оперативниот зафат тимот излезе со уште едно соопштение во кое се вели: „Пост оперативната слика на Марк Маркез е оценета како задоволителна. Сепак, примероците кои беа однесени на тестирање по оперативниот зафат покажаа претходна инфекција во самата скршеница, па Маркез ќе биде подлежен на специфичен третман со антибиотици во следните неколку недели. Маркез во овој период ќе остане во болницата Рубен Интернационал во Мадрид“.

Back To Top