По кусата пауза МотоГП се враќа викендов со 10-та рунда која се вози на патеката Ред Бул Ринг во Австрија.
По кусата пауза МотоГП се враќа викендов со 10-та рунда која се вози на патеката Ред Бул Ринг во Австрија.
Патеката со должина од 4,3 км е составена од 10 свиоци, 3 леви и 7 десни, а висинската разлика на одделни точни на патеката е 65 метри. Изградена во 1969 година, служела како центар за авто-мото спортот во Австрија. МотоГП трките последен пат на оваа патека можеа да се следат во 1997 година, а од сегашните возачи единствено Валентино Роси имал прилика да се трка на неа. Во 1997 во класата до 125цц тој заврши на втората позиција. Годинешната трка е прва по 97-ма, а се очекува Австриската трка да остане во календарот и во следните сезони.
Возбудувањата започнуваат утре (петок) во 9 часот со првиот тренинг во Мото3 класата. Распоредот за сите сесии е во продолжение:
Петок - SportKlub 1 | |
09:00 | Moto 3 – Тренинг 1 во живо |
09:55 | Moto GP – Тренинг 1 во живо |
10:55 | Moto 2 – Тренинг 1 во живо |
13:10 | Moto 3 – Тренинг 2 во живо |
14:05 | Moto GP – Тренинг 2 во живо |
15:05 | Moto 2 – Тренинг 2 во живо |
Сабота - SportKlub 1 | |
09:00 | Moto 3 – Тренинг 3 во живо |
09:55 | Moto GP – Тренинг 3 во живо |
10:55 | Moto 2 – Тренинг 3 во живо |
Сабота - SportKlub 3 | |
12:35 | Квалификации – Moto 3 во живо |
13:30 | Тренинг 4 – Moto GP во живо |
14:10 | Квалификации – Moto GP во живо |
15:05 | Квалификации – Moto 2 во живо |
Недела - SportKlub 3 | |
08:40 | Загревање – Moto 3 во живо |
09:10 | Загревање – Moto 2 во живо |
09:40 | Загревање – Moto GP во живо |
11:00 | Трка – Moto 3 во живо |
12:20 | Трка – Moto 2 во живо |
14:00 | Трка – Moto GP во живо |
За оние кои ги немаат каналите на СпортКлуб во својата ТВ програма, стриминг ќе биде достапен на: http://www.sportcategory.com/c-10.html