MotoGP

Распоред за следење на МотоГП Каталуња

На ред е седмата рунда од МотоГП шампионатот која викендов ќе се вози на патеката Каталуња во близина на Барселона.

Следете нè на:

 

Патеката Каталуња е домаќина на МотоГП трките од првиот пат кога беше воведена во МотоГП календарот, во 1992 година. Домашната патека на Марк Маркез, Хорхе Лоренцо, Маверик Вињалес, Дани Педроса и браќата Алеш и Пол Еспергаро е со должина од 4,6км. Составена е од 14 свиоци од кои 6 се леви, а 8 десни. Најдолгиот правец изнесува 1047 метри, а рекордот на патеката изнесува 1:41.712 и е во сопственост на Хорхе Лорнецо од 2016 година.

VIP Village Panoramica

Возбудувањата во Шпанија ќе се одвиваат според следниот распоред:

Петок (15.06.2018) | SportKlub 1 
09:00 MOTO GP CATALUNYA: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 1
09:55 MOTO GP CATALUNYA: MOTO GP – ТРЕНИНГ 1
10:55 MOTO GP CATALUNYA: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 1
13:10 MOTO GP CATALUNYA: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 2
14:05 MOTO GP CATALUNYA: MOTO GP – ТРЕНИНГ 2
15:05 MOTO GP CATALUNYA: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 2

Сабота (16.06.2018) | SportKlub 1 
09:00 MOTO GP CATALUNYA: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 3
09:55 MOTO GP CATALUNYA: MOTO GP – ТРЕНИНГ 3
10:55 MOTO GP CATALUNYA: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 3
12:35 MOTO GP CATALUNYA: MOTO 3 – КВАЛИФИКАЦИИ
13:30 MOTO GP CATALUNYA: MOTO GP – ТРЕНИНГ 4
14:10 MOTO GP CATALUNYA: MOTO GP – КВАЛИФИКАЦИИ
15:05 MOTO GP CATALUNYA: MOTO 2 – КВАЛИФИКАЦИИ

Недела (17.06.2018) | SportKlub 1 
08:40 MOTO GP CATALUNYA: MOTO 3 – WARM UP
09:10 MOTO GP CATALUNYA: MOTO 2 – WARM UP
09:40 MOTO GP CATALUNYA: MOTO GP – WARM UP
11:00 MOTO GP CATALUNYA: MOTO 3 – ТРКА
12:20 MOTO GP CATALUNYA: MOTO 2 – ТРКА
14:00 MOTO GP CATALUNYA: MOTO GP – ТРКА

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.