Легендарниот Ренди Мамола отворено зборува за лудилото во МотоГП кое продолжува и оваа сезона.

Во својата прва ексклузивна колумна за motosport.com, Ренди Мамола се осврна на перформансите – како на патеката така и надвор од неа- на Валентино Роси, и го постави прашањето, дали Yamaha може да си дозволи да ги задржи Роси и Хорхе Лоренцо на подолг рок.

По викендот во Катар каде се оддржа стартот на шампионатот, не гледам подобар начин да дебитирам со оваа колумна отколку да зборувам за продолжувањето на договорот на Валентино Роси со Yamaha.

ludilo motogp 2016

Во овие реченици, секогаш ќе се обидам да бидам искрен со самиот себеси, а тоа значи дека понекогаш ќе напишам нешто што нема да им се допаѓа на сите. Ова го кажувам бидејќи знам дека ѕвездата на оваа колумна е возачот кој има најмногу фанови во историјата на овој спорт. Но, ајде да почнеме.

Достигнувањата на Валентино најверојатно нема да бидат надминати од никого. Под ова не мислам само на статистиката, односно титулите, победите, туку на она што го има постигнато во изминативе две сезони.

А тоа е нешто што го признаваат и неговите противници. Фактот дека има 37 години и дека се уште наоѓа мотивација да се натпреварува со многу помлади возачи од него, па дури и да ги победи, е нешто што сигурно претставува мотивација за секого.

Го видовме тоа во 2015 година, сезона која Роси перфектно ја извозе од почеток до крај.  За време на деветте месеци, тој работеше напорно да ја освои неговата десетта титула, титула која би имала посебно значење за него.

Оваа зима бев на Филип Ајленд на вториот претсезонски тест и таму забележав нешто што ми го привлече вниманието.  Никогаш до сега го немам видено Роси да вложува толку напор во претсезоната.

Минатата недела кога го видов како вози на трка на која беше постигнато време кое е за седум секунди подобро од минатата сезона, беше нешто неверојатно.

Но сепак, трката минатата недела како што понуди некој одлични моменти, така понуди и лоши работи, еден вид на одблесок од се она што го видовме во последниот дел од минатата сезона.

Видовме како Валентино изјавува дека Хорхе не е доволно храбар да потпише за Ducati. Понатаму, имаше и други надмудрувања меѓу нив двајцата, а тие исто имаа и судар за време на последната тренинг сесија.

Ако ова го гледаме на првата Гран При трка, не сакам да замислам колку ќе расте тензијата во текот на сезоната. Ако Хорхе конечно потпише за Yamaha, ќе биде невозможно да се задржи таа тензија во текот на три години.

А особено со моменталната ситуација, во која постојано ќе има искри бидејќи главните три тима се доста изедначени.

Очигледно е дека Роси има повеќе навивачи од било кој друг возач, но мислам дека нема да биде добро за спортот ако работите останат исти какви што беа во Катар. Како на патеката така и на подиумот, каде на Марк и на Хорхе им свиреа после една неверојатна трка. Јас се чувствував засрамен, а се надевам дека и Роси го чувствуваше истото.

Се плашам да помислам што е следно. Не сакам дури ни да си го замислам тоа. Го имаме видено тоа во фудбалот, но ова, господа, е нешто сосем поинакво.

Не сонувам ни дека Марк, Хорхе и Роси ќе си подадат рака и ќе станат најдобри пријатели, нешто што веќе го имам видено кај Рејни и Шванц, двајца кои неверојатно се мразеа, а сега се одлични пријатели. Единствено нешто што посакувам, е некој да направи нешто и да се смири ова лудило.  

Back To Top