Откако денеска ФИМ судиите одлучија казната од двоен долг круг за Марк Маркез да важи на следната на трка на која тој ќе настапи, тимот јавно се пожали на одлуката.

Тимот на Repsol Honda ја објави следнава изјава:

„Во врска со санкцијата наметната од ФИМ на Марк Маркез за инцидентот на трката што се случи на Големата награда на Португалија, тимот на Repsol Honda смета дека измената на казната се состои од промена на критериумите за тоа кога треба да се примени казната, и дека оваа модификација беше издадена од FIM два дена откако првичната санкција беше конечна и не е во согласност со тековните прописи на FIM за Светскиот шампионат MotoGP™. Поради оваа причина, Repsol Honda Team има намера да ги искористи сите средствата за регрес што ги нудат важечките прописи за да ги брани своите права и легитимни интереси, за кои смета дека се повредени како резултат на последната усвоена резолуција, а особено уредно поднела Жалба пред Апелационите стјуарди на ФИМ“.

Да потсетиме, првичната казна беше двоен долг круг на следната трка, а потоа беше објавено дека Маркез нема да настапи викендов во Аргентина, па ФИМ издаде дополна во која појаснува дека казната ќе треба да се „одлежи“ на следната трка на која тој ќе настапи.

Back To Top