алентино Роси вели дека конечната одлука во однос на тоа дали ќе вози следната сезона ќе ја донесе идната година

Деветкратниот светски шампион, Валентино Роси,  вели дека конечната одлука во однос на тоа дали ќе вози следната сезона ќе ја донесе на почетокот на идната година. „Ако сум компетитивен, сакам да продолжам,“ изјави Роси.

После победата во Асен, 38 годишниот Италијански возач повторно е дел од борбата за титулата. Во моментов тој ја одработува првата од двогодишиот договор со Yamaha која е со важност до 2018 година. Вели, доколку успее да победи на трки оваа сезона, има желба да вози и во 2019 година. Во интеревју за MotoGP.com, Роси ги повтори зборовите кои сакаат да ги слушнат голем дел од навивачите.

IMGP8223

„Кога го потпишав договорот, си помислив дека тој би можел да ми биде последен, но сепак не бев сигурен.  Ќе одлучам на почетокот на следната сезона. Но ако се уште сум компетитивен и победувам, тогаш сакам да продолжам.“

Со оглед на моменталната позиција во шампионатот, заостанува само седум поени зад лидерот Довициозо, се чини дека ќе има продолжување на договорот.

На прашањето што ќе биде одлучувачко оваа сезона, Роси изјави дека од голема важност е да се победи секогаш кога за тоа постои можност како и да се постигне задоволителен резултат во оние денови кога сетапот на мотоциклот не е баш најдобар.

„Ситуацијата постојано се менува. Се промени од минатата година. Од трката во Барселона минатата година, имавме девет различни победници, што е неверојатно. Оваа година имаме пет различни победници на осум трки.“

„Клучот е да се обидеш да победиш секогаш кога постои можност за тоа, кога мотоциклот и пневматиците работат добро. И секако, да се обидеш да не направиш грешка за време на некој тежок викенд.“

Back To Top