MotoGP

Роси: Брзината на Ducati е неверојатна но ние се приближуваме

Валентино Роси вели дека времето кое го постигна Ducati за време на квалификациската сесија во Сепанг е неверојатно.

Следете нè на:

 

Валентино Роси ја опиша брзината која мотоциклите на Ducati ја постигнаа за време на квалификациската сесија во Сепанг како неверојатна , но сепак вели дека тие им се приближуваат.

За време на тестовите во Сепанг, возачот на Ducati, Данило Петручи постигна време од 1 минута 58.239 секунди а овој резултат беше недостижен за неговите ривали.

Роси, кој последниот ден од тестовите го заврши со десето најдобро време и со заостанување од речиси една секунда зад ривалите од Ducati, вели дека тие покажале неверојатни перформанси но напомена и дека Yamaha има значителен прогрес во однос на брзината.

Rosi Yamaha Txt 11 02

„Ducati имаше одлична брзина но и ние покажавме напредок. Сепак, се уште сум загрижен. Ако трката се одджи утре мислам дека ќе имаме слаб настап бидејќи се уште има работи кои ни недостасуваат.  “

„Како за прв тест воопшто не е лошо. Следниот кој ќе се оддржи во Катар е за десетина дена и мислам дека таму нема да имаме нешто ново. Но сепак тоа е поинаква патека, има поинаква температура и ќе биде интересно да видиме каков ќе биде нашиот настап.  “

Роси вели дека фокусот на тимот и понатаму останува на преносот на моќта и забрзувањето.

„Некои работи ги имаме подобрено но се уште треба да работиме на забрзувањето бидејќи мислам дека таму сме најслаби. Очекувавме многу но за жал резултатите не беа такви. На првиот тест подобривме неколку работи но имаме уште многу работа бидејќи разликата со останатите тимови е навистина голема.“

Би можело да ве интересира

Хорхе Лоренцо верува дека наскоро ќе може да го покаже целосниот потенцијал откако имаше слаб настап за време на дебитанската трка во новиот тим.

Валентино Роси верува дека Suzuki има постигнато најголем напредок за време на зимските тестови.

Шефот на Ducati, Џиџи Дал’Игна ги отфрли обвинувањата дека е нелегален додатокот кој го има на нивниот мотоцикл и ја обвини Honda дека е виновна за целата оваа ситуација.

Honda Rebel 500 има многу модерен изглед. Голем дел од елементите се позајмени од секторот на спортски мотоцикли, а тие му даваат елегантен и модерен изглед.

Организаторите на MotoE серијата ги потврдија причините за пожарот во Херез во кој настрада поголем дел од опремата и мотоциклите на тимовите.

Маверик Вињалес ги уништи пневматиците во обид да ги претекне своите ривали. Вели дека мора да направи промени во случај тоа да се повтори и во иднина.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.