„Мене не ми прави голема разлика: Имам одличен однос со Педроса и со Вињалес“- Валентино Роси

Валентино Роси вели дека не му прави никаква разлика кој ќе му биде следен тимски колега во тимот на Yamaha. Дани Педроса и Маверик Вињалес се двајцата возачи кои се поврзани со тимот.

Има големи шпекулации за можен премин во Yamaha на долгогодишниот возач на тимот на Honda Дани Педроса. И Роси потврди дека еден од двајцата Шпански возачи ќе биде најверојатен наследник на Хорхе Лоренцо, кој од следната сезона ќе настапува за тимот на Ducati.

rosi tmski kolega

„Овие денови има многу гласини околу Педроса. Mоvistar сака Шпанец да биде втор возач и мислам дека изборот ќе биде меѓу Педроса и Вињалес,“ изјави Роси.

„Не знам кој има поголеми шанси, но мене тоа не ми прави никаква разлика. Тие се двајца различни возачи. Педроса е многу силен и брз и веќе го има покажано својот потенцијал. Но тој исто така е и малку постар. Вињалес е голем талент, но нема големо искуство во MotoGP.“

„Мене тоа не ми прави голема разлика. Имам одличен однос со Педроса и со Вињалес.“

Роси, кој имаше одличен настап на трката во Херез, сега е целосно фокусиран на трката која ќе се оддржи овој викенд во Ле Ман. Во изминативе две сезони, тој го освојуваше второто место на трката.

„Тоа е тешка патека и не знаеме какво ќе биде времето бидејќи тоа постојано се менува. Во изминативе две сезони имав две добри трки. Не успеав да победам, два пати бев на второто место, но бев навистина брз. Ќе работам напорно за да видам како се однесуваат пневматиците на Michelin на асфалтот.“

„На трката има многу кочење па затоа мора да имаш добар баланс. Исто така има и тешки свиоци.“

Back To Top