„Ќе биде различно и ќе морам да се прилагодам на многу работи. Но со нетрпение чекам да почнам да се натпреварувам во MotoGP,“ Сем Ловс.

Лидерот во Moto2 шампионатот Сем Ловс очекува да го има своето деби во MotoGP за време на тестот за Aprilia во Јуни или Јули.

Англичанецот е единствениот Moto2 возач за кого има официјална потврда дека следната сезона ќе настапува во премиерната класа. Тој ќе помине една сезона со тимот на Gresini Kalex.

sam lowes herez

„Ќе биде различно и ќе морам да се прилагодам на многу работи. Со нетпрение чекам да се натпреварувам во MotoGP. Среќен сум што имам одличен тим позади мене. Aprilia се одличен тим и ќе биде прекрасно што ќе бидам дел од тимот,“ изјави Ловс.

Ловс беше пофален за неговиот стил на возење од Марк Маркез.

„Маркез е фантастичен возач. Начинот на кој влегува во свиоци е импресивен. Мојот стил можеби е сличен на неговиот, а да не заборавиме дека во Moto2 нема електроника. Мојот стил на возење е поинаков отколку на останатите возачи и можеби тоа ми помага. Можеби повеќе притискам на сопирачките при влегување во свиок, но сепак сум брз на правец. Во секој стил има добри и лоши работи,“ изјави Ловс.

„Мојот стил можеби понекогаш е агресивен но исто така е и брз. “

Ловс ја заврши минатонеделната трка во Херез на првото место и сега има предноста од десет поени во однос на Алекс Ринс. За Ринс, Јохан Зарко и Јонас Фолгер се верува дека следната сезона ќе се натпреваруваат во MotoGP но засега се уште нема официјална потврда.

Алваро Баутиста и Штефан Брадл во моментов настапуваат за Aprilia. Од тимот се уште не одлучиле кој ќе му биде партнер на Ловс следната сезона.   

Back To Top