Како што се очекуваше, Sky VR46 и официјално го раскина договорот со Романо Фенати. Италијанецот беше суспендиран од тимот по инцидентот на патеката Red Bull Ring во Австрија. Тоа беше само привремена мерка, а сега соработката и официјално е прекината.

Фенати е отпуштен поради проблеми со неговото однесување. Италијанецот се однесувал навредливо кон останатите членови на тимот.

Инцидентот во Австрија беше последниот од низата прекршоци на Фенати меѓу кои има и вербални навреди како и обид за физичка пресметка.

Sky VR46 објави дека Лоренцо Дала Порта ќе им се приклучи на Андреа Мињо и Николо Булега.

Дала Порта постигна добри резултати во шампионатот FIM CEV, и се вклопува во идејата на тимот да има млади возачи. Италијанецот ќе го заземе местото на Фенати почнувајќи од трката во Силверстоун.

Се уште не се знае каква ќе биде иднината на Фенати. Поради тоа што е отпуштен, тој е непожелен за останатите тимови. Сепак, има гласини дека тимот Aki Ajo е заинтересиран за него.

Тимот Aki Ajo е познат како тим во кој настапувале возачи со проблематични карактери и би претставувал одлично место за Фенати. Но, ако не успее да се приклучи на ниту еден тим, тогаш неговата кариера во Moto3 ќе биде во голема неволја.

Back To Top