Стонер беше најуспешен на третиот ден од тестирањето притоа возејќи го мотоциклот на Ducati

„Ливио Супо никогаш не ме разбра, ниту пак ме слушаше.“ Ова го изјави MotoGP легендата Кејси Стонер за Италијанскиот магазин Gazzeta Dello Sport, веднаш по неодамнешниот тест на патеката во Сепанг. Се чини дека критиката кон Honda Racing нема да запре тука и може да слушнеме уште многу работи на оваа тема.

Иако враќањето на патеката на Кејси Стонер не беше онакво какво што очекуваа неговите фанови, неговиот настап со мотоциклот на Ducati, сепак беше успешен.

Стонер беше најуспешен на третиот ден од тестирањето притоа возејќи го мотоциклот на Ducati. Австралиецот дури не го ни возеше најновиот модел бидејќи првин сакаше да се навикне на моделот од сезоната 2015.

casey stoner 2016

Бидејќи помина повеќе од една година откако последен пат возеше официјален MotoGP мотоцикл, Стонер сакаше првин да види на каква основа Ducati го прават новиот модел.

И покрај тоа што Стонер изјави дека моќноста на машината е слична со последниот модел што го возел, електрониката и пневматиците се комплетно нови. Сепак тестот помина добро, а Стонер заедно со целиот тим беа повеќе од среќни со резултатите што ги постигнаа.

Слушнавме дека Кејси Стонер изјави дека HRC не го искористил доволно неговиот потенцијал. Затоа неговото ново тврдење дека Ливио Супо никогаш не го слушал ниту пак го разбрал не е некое големо изненадување.

casey stoner 16

Стонер тврди дека неговата работа како тест возач на Honda можела да даде многу подобри резултати ако тимот обрнел внимание на тоа што тој можел да го понуди.  Дури и додава дека понекогаш имал чувство  дека во Honda си мислеле дека тој сака повторно да се натпреварува а Супо понекогаш се однесувал како тој да има некоја скриена агенда.

Имаме чувство дека ова нема да биде последен пат како двократниот MotoGP шампион зборува за времето кое го поминал како тест возач во Honda.Единствената личност за која имал позитивно мислење од периодот кој го поминал таму, е потпретседателот на HRC, Накамото. 

Back To Top