Данило Петручи ги отфрли сите сомнежи откако имаше целосна тркачка симулација за време на последниот ден од тестот во Катар. Андреа Довициозо и Франческо Бањаиа исто така беа добри а Џек Милер имаше најдобро време по еден извозен круг.

Џек Милер можеби беше единствениот возач на Ducati кои се најде меѓу најдобрите девет возачи на последниот ден од тестот во Катар, но и Данило Петручи, Андреа Довициозо и Франческо Бањаиа имаа добри резултати на тркачката симулација.

На претходниот тест кој се оддржа во Сепанг, возачите на Ducati не можжеда се носат со брзината која ја имаа возачите на Yamaha (Маверик Вињалес), Suzuki (Алекс Ринс и Јоан Мир) а дури и Aprilia и Алеш Еспаргаро беа подобри.

Но за разлика од Малезија, веќе по завршувањето на тестот во Катар, возачите на Ducati беа подобри. Од сите тројца, можеби Петручи имаше и најимпресивен настап. Иако почна со полн резервоар, уште на првиот круг од тркачката симулација го постигна своето најдобро време. На крајот,  после извозен 21 круг, Италијанецот беше за само 0.8 секунди побавен.

 DSC3054 copy copy copy

„Среќен сум од резултатот кој го постигнав на последниот ден во Катар“, вели Петручи и покрај тоа што имаше шестнаесето време после еден извозен круг.

„Во последната сесија се фокусиравме на целокупниот настап а не само на резултатот после еден извозен круг.  Успеавме да извозиме колку и на една трка и со тоа ги тргнавме сите сомнежи кои ги имавме.“

„Сега треба да работиме паметно и да обезбедиме добра позиција на стартот на трката. Мислам дека ќе бидеме компетитивни и на трката, исто како што бевме и на тестот.“

 DSC3627

„Навистина сум задоволен од работата која ја завршивме денеска“, вели Довициозо кој во изминативе две години победува на трката во Катар. „Испробавме различни сетапи и тоа ни помогна подобро да ги разбереме работите. Сепак, се уште има простор за напредок.“

„Најпозитивен дел од  настапот беше тркачката симулација. Успеав да го поминам целото растојание со искористени пневматици.“

„Освен тоа, неколку круга возав зад Данило и се обидов да разберам како подобро да ги сочувам гумите. Моето темпо беше добро и сигурен сум дека ќе можеме да се бориме за најдобрите позиции за време на трката.“

 DSC3265 copy

„На овој тест се подобривме навистина многу.  Сепак жалам што не успеав да го подобрам мојот најдобар резултат. Кога се обидов да го направам тоа, на патеката веќе имаше многу мотоцикли“, вели возачот на Pramac, Франческо Бањаиа.

„Она што ме прави среќен и самоуверен е тркачката симулација.Секако дека можеме да се подобриме, но после овој тест имам поголема самодоверба со мотоциклот.“

 DSC3525 copy

Неговиот тимски колега, Џек Милер, беше најбрзиот возач на Ducati на патеката. Иако Австралиецот не беше дел од тркачката симулација, сепак е задоволен од постигнатото.

„Ова беше добар ден. На два пати извозевме повеќе кругови . Особено сум задоволен од вториот настап каде што успеав да го подобрам темпото“, вели Милер.

„Се уште можеме да се подобриме и сигурен сум дека пред стартот на трката ќе најдеме одговори на сите прашања кои ги имаме.“

Сите GP20 машини на рачките имаат копче, кое е екстензија на holeshot уредот. Тоа им овозможува да го закочат задното тркало при излегување од свиоците со цел да добијат поголемо забрзување.

Back To Top