Tимовите почнаа да ги презентираат нивните нови обележја, нови спонзори и нови тимови за 2017 година.

Со приближувањето на првите тестови за новата сезона – акцијата стартува следната недела, најпрво тимовите од Супербајк шампионатот, а веднаш по нив и тимовите од MotoGP ќе тестираат на патеката во Херез – тимовите почнаа да ги презентираат нивните нови обележја, нови спонзори и нови тимови за 2017 година.

Оваа недела два MotoGP фабрички тимови ќе ги претстават своите нови мотоцикли. На 19-ти јануари, Movistar Yamaha ќе го претстави Yamaha YZR-M1 2017 заедно со Валентино Роси и Маверик Вињалес како нивни возачи.

KTM RC16 MotoGP unveil Scott Jones 08

Следниот ден, тимот на Ducati ќе ги претстави Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо. И двата настани ќе имаат пренос во живо за нивните фанови ширум светот да можат да ги следат.

Претставувањето на Yamaha ќе се оддржи во Мадрид во седиштето на Telefonica Group која е сопственик на брендот Movistar.

Настанот ќе започне во 11:30 и ќе се пренесува во живо на интернет страната на Yamaha MotoGP како и на MotoGP.com.

Ducati својата презентација ќе ја одржи во Borgo Panigale фабриката која се наоѓа во близина на Болоња. Настанот ќе започне во 10:30 и исто така ќе се пренесува во живо на нивната интернет страна.

На презентацијата ќе има интервјуа со првите луѓе на компанијата, Џиџи Далигна, Паоло Чиабати, Давиде Тардози како и со Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо.

Претставувањето на Ducati се очекува со нетрпение бидејќи за прв пат ќе можеме да видиме дали тимот пронајде решение кое ќе ги замени крилцата кои се забранети во новата сезона.

Suzuki е следниот тим кој ќе го претстави својот тим за следната сезона. Новиот мотоцикл и новите возачи, Андреа Јанон и Алекс Ринс, официјално ќе бидат претставени на патеката во Сепанг на 29-ти јануари. Засега нема објавено повеќе детали за овој настан.

Repsol Honda својата презентација ќе ја оддржи после тестот. Новите обејежја тие ќе ги претстават на 3-ти февруари во Џакарта, Индонезија. Тимот ќе остане непроменет за сезоната 2017, односно, Дани Педроса повторно ќе вози заедно со светскиот шампион Марк Маркез.

КТМ ќе биде последната фабрика која ќе го презентира својот тим. Настанот ќе се случи на 20-ти февруари во Салзбург, домот на Red Bull, а на него ќе биде презентирана нивната униформа за новата сезона како и возачите Бредли Смит и Пол Еспаргаро.

Во Салзбург ќе биде презентиран и тимот на Honda во Светскиот Супербајк шампионат. Настанот ќе се случи на 7-ми февруари.

Еден ден подоцна и Pata Yamaha ќе ја почне својата кампања. Истиот ден, Yamaha ќе ја презентира својата тркачка програма, со исклучок само на нивниот MotoGP тим. Тимот на Pata Yamaha ќе биде претставен заедно со тимовите на Yamaha World Supersport, MXGP, MX2, Endurance World Championship.

На 8-ми февруари своја презентација ќе има и тимот Aruba.it Ducati. Настанот ќе се оддржи во Арецо, а на него ќе бидат претставени Марко Меландри и Чез Дејвис.

Малку по северно ќе се оддржи уште една презентација, овој пат на Forward Racing кој ќе ја презентира својата програма за Moto2 заедно со возачите Лука Марини и Лоренцо Балдасари.

Back To Top