„Со нетрпение чекам да се сретнам со возачите кои ќе присуствуваат на тренинзите. Можеби ќе најдеме нови таленти!“ – Валентино Роси

Yamaha потпиша три годишен договор со VR46, возачката академија на Валентино Роси која ќе стане нивен официјален партнер. Yamaha ќе ја поддржи академијата и ќе обезбеди 26 мотоцикли од R и YZ серијата за да им помогне на возачите да ги развијат своите вештини. Тие исто така ќе и помогнат на академијата и во образовниот процес.

Компанијата планира да создаде систем кој ќе им овозможи на младите возачи правилно да се развијат. VR46 програмата ќе има активна улога во овој процес. Нивна главна задача ќе биде да ја подобрат мотивацијата кај младите возачи, а во исто време ќе им обезбедат и искуство и знаење на возачите.

v46akademija jamaha

За почеток, Yamaha ќе одбере одреден број на млади возачи кои се натпреваруваат во Азиските шампионати како и во другите развојни серии и ќе ги покани да тренираат во академијата.

Во 2016 година се планираат две обуки. Талентираните млади возачи ќе имаат можност да тренираат со членовите на академијата на Мото ранчот како и на патеката во Мизано.

Возачите ќе имаат комплетен пристап до сите работи што ги нуди академијата. Валентино Роси заедно со останатите членови на академијата ќе им дава совети на возачите.

„Партнерството меѓу Yamaha и VR46 ме прави навистина среќен и горд. Преку академијата им помагаме на младите возачи и мислам дека не можевме да најдеме подобар партнер од Yamaha која ќе им обезбеди на нашите членови најдобри услови кои ќе им помогнат побрзо да напредуваат“ изјави Роси.

„Особено сум среќен бидејќи овој договор вклучува две работи кои ги сакам, Yamaha и мојата академија. Навистина се надевам дека ова партнерство ќе даде позитивни резултати.“

„Ние ги поддржуваме талентираните возачи и убеден сум дека заедно ќе постигнеме одлични резултати. Планираме многу активности во кои ќе бидат вклучени академијата и нашите возачи. Yamaha ни помага во многу работи и сакам да им се заблагодарам за оваа можност.“

„Исто така и со нетрпение чекам да ги запознаам возачите кои ќе присуствуваат на тренинзите во 2016 година. Сигурен сум дека ќе уживаат и дека одлично ќе се забавуваме.  Можеби ќе најдеме нови талентирани возачи!“

Директорот на Yamaha Racing, Лин Џарвис додаде:

„Среќен сум бидејќи постигнавме договор со VR46 возачката академија. Академијата е резултат на неверојатната пасија на Валентино за мотоспортот  и неговата желба да ја поддржи следната генерација на возачи во нивниот обид да станат светски шампиони.“

„Yamaha ја дели истата пасија со Валентино и активно сме вклучени во разни проекти ширум светот со цел да ги поттикнеме младите возачи да ги следат своите соништа и да ги подобрат перформансите со цел да го искористат нивниот потенцијал.“

„Новата програма ќе им даде неверојатна можност на возачите да тренираат и учат со најдобриот возач. “

„Уште еден важен аспект од новото партнерство е тоа што Yamaha активно ќе се вклучи во работата на VR46 возачката академија. Yamaha ќе ги обезбеди мотоциклите за тренинг, а исто така и активно ќе се вклучи во образовниот процес на возачите. “

„Yamaha ќе следи како ќе се развиваат нивните кариери и се надеваме дека некои од нив ќе станат наши возачи.“

Меѓу членовите на VR46 академијата се возачите од Мото3 тимот Романо Фенати, Андреа Мињо и Николо Булега, од другите членови по истакнати се Франко Морбидели, Лоренцо Балдесари, Николо Антониели, Фрначеско Бањаи како и полу-братот на Роси, Лука Марини.

Back To Top