Откажувањето на тестот во Катар, поради строгите правила на Малезиската влада, ги промени плановите на MotoGP тимовите.

Губењето на денови за тестирање значи помалку време за прилагодување за дебитантите во MotoGP. Ова исто така значи и помалку податоци од патеката.

Со цел да се реши овој проблем, Dorna и IRTA објавија дека ќе има дополнителен тест на патеката во Катар на почетокот на март. Покрај оригиналниот тест кој е закажан за периодот од 10-12 март, неколку дена претходно ќе се оддржи уште еден, три дневен тест.

На 5-ти март ќе се оддржи „shakedown “ тестот каде тест возачите ќе настапат со MotoGP машини со цел да се осигураат дека тие работат исправно. Ова исто така ќе биде можност да настапат и дебитантите, Енеа Бастианини, Лука Марини и Хорхе Мартин.

На 6-ти и 7-ми март нив ќе им се приклучат и останатите возачи кои се дел од серијата.

Qatar test txt 19 01

Се уште е непознато што ќе се случува по завршувањето на тестот.  Според GPOne.com, постои можност стартот на сезоната да се помести за една недела со цел да не се совпадне со стартот на Формула 1 трката во Бахреин.

Ова сигурно ќе има смисла и во однос на логистиката.  Тоа значи дека повеќето од луѓето ќе останат во Катар наместо да патуваат дома. Ова исто така ќе отвори можност и да се замени една од двете трки кои треба да се возат на Американскиот континент. Остин и Аргентина најверојатно ќе испаднат од календарот, освен ако ситуацијата со Ковид 19 драстично не се промени.

Доколку се оддржи уште една трка во Катар, тогаш календарот повторно ќе се врати на 19 трки. Тука е и патеката во Портимао, најлогична замена со оглед на близината до Херез.

Сепак, се уште ништо не е сигурно. Како што видовме и минатата година, работите можат да се сменат за само еден ден. Предноста на Dorna, IRTA, тимовите и фабриките е тоа дека барем може да имаат некаква сезона и покрај строгите протоколи за коронавирусот.

Back To Top