Вести од светот

Ducati подготвува специјален Scrambler модел кој ќе се нарачува само преку интернет

Живееме во време кога речиси сѐ можете да купите преку интернет, освен автомобили и мотоцикли. Но се чини дека ова второто наскоро ќе се промени откако Ducati најави дека подготвува специјален модел кој ќе може да се купи само преку интернет.

Следете нè на:

 

Наречен Scrambler Hashtag, од компанијата велат дека тој ќе биде достапен започнувајќи од 19 февруари и ќе биде модел кој ќе може да се нарача само онлајн. Сепак, само Италија, Франција, Германија, Шпанија и Португалија ќе имаат корист од овој нов систем. Помалку чудно со оглед на тоа колку само американски изгледа целото видео кое го објави компанијата.

2018 ducati scrambler 1100 is out to play with the big boys 4

Она не е прв пат луѓето да имаат можност да купат барем дел од мотоцикл преку интернет. Yamaha бара онлајн резервација за својата лимитирана верзија на YZF-R1M. Како надополнување, компанијата има и една интересна апликација за вашиот мобилен телефон преку која можете сами да си го направите вашиот омилен мотоцикл и потоа само да го подигнете од локалниот продавач на Yamaha мотоцикли.

Во однос на Scrambler Hashtag, од Ducati се уште не откриле никакви детали за овој модел. Од компанијата велат дека повеќе информации наскоро ќе има на интернет страната на Scrambler каде што ќе можете и да го нарачате.

ducati prepares special scrambler ordered exclusively online 123355 1

Доколку не сте во тек со Scrambler моделот, Ducati одлучи да им посвети поголемо внимание на овој модел во 2015 година како мотоцикл наменет за помладата генерација. Можете да одберете меѓу 11 модели, секој направен за различен стил на возење. Меѓу нив се Icon, Street Classic, Classic, Full Throttle, Cafe Racer, Sixty2, или пак помеѓу оф  роуд ориентираниот Desert Sled. Доколку сакате поголема моќност можете да одберете меѓу 1100, 1100 Special, или 1100 Sport верзиите кои ќе имаат поголема моќност. Повеќе информации можете да добиете во салонот на Динамикс лоциран на ул. Рузвелтова во Скопје.

Би можело да ве интересира

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Белгијците и нивното чоколадо едноставно не можат да бидат разделени, а тоа особено важи за Белгискиот MotoGP возач и иден Moto-E натпреварувач, Хавиер Симеон. Го посетивме во неговата продавница за чоколади за да го прашаме како успева да му одолее на искушението.

„Дани Педроса ќе го има своето деби со KTM RC16 на тестот кој ќе се оддржи во Херез кон крајот на месецов“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.