Вести од светот

Harley Davidson е подготвен за „Daytona Bike Week“

Новата мото сезона во САД започна во Флорида откако Harley Davidson ги повика возачите да присуствуваат на седумдесет и шестото издание на „Daytona Bike Week“ кое ќе се оддржи во Флорида.

Следете нè на:

 

Новата мото сезона во САД започна во Флорида откако Harley Davidson ги повика возачите да присуствуваат на седумдесет и шестото издание на „Daytona Bike Week“ кое ќе се оддржи во Флорида. Harley Davidson повторно ќе биде официјалниот мото бренд на настанот кој ќе се оддржи помеѓу 11-ти и 18-ти март и е подготвен да ги пречека присутните.

bike week road 5x3

„Ако е март, Harley – Davidson ќе го најдете во Дејтона“, вели Џејмс Њутон од Harley Davidson. „Секоја година, топлото време и одличните патишта во Флорида ја разгоруваат страста за слобода  која сите ние ја чувствуваме кога ќе ја притиснеме гаста.Мотоциклите, плажите како и пријателствата се традиција на Дејтона која ние ја поддржуваме секоја година. Ги покануваме сите да дојдат, да ги испробаат најновите модели и да се забавуваат.“

На настанот ќе имате можност да видите и да испробате повеќе од 100 нови модели, вклучувајќи го и „Road King Special“, како и останатите туринг машини кои го имаат новиот „Milwaukee-Eight V-twin“ мотор.

Ова е само една од работите што можат да ги направат среќниците кои ќе присуствуваат на настанот, а различни настани ќе има во текот на целата недела.

На 13-ти март ќе се оддржи главната улична забава. Ако сте жена возач, можете да бидете дел од „MDA Women’s Ride“ кое ќе се оддржи во четврток, 16-ти март. Истиот ден ќе можете да присуствувате и на „American Flat Track Daytona TT“.

Би можело да ве интересира

Новата, врвна, кацигна на Nolan е прва ваква кацига на пазарот кај која можете да го извадите штитникот за брада.

Ако верувате во гласините кои се појавуваат на интернет, тогаш наскоро ќе ни пристигне нова Honda Africa Twin.

Алваро Баутиста беше најбрз на слободниот тест кој се оддржа денес.

N60-5 е нова кацига на Nolan која е наследник на N64.

Откако го пропушти тестот во Сепанг, Хорхе Лоренцо ќе се најде на патеката за тестот кој овој викенд ќе се оддржи во Катар.

Кал Кратчлоу зборува за односот меѓу намалувањето на притисокот на пневматиците и оддржувањето на предноста која ја има предниот дел на мотоциклот.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.