Нашиот единствен претставник во класата SBKS600 на трката од Источно-Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам која викендов се возеше во Плевен, Бугарија, го забележа петтото место.

1397465 10152467103995330 1426458553571621787 o

Нашиот единствен претставник во класата SBKS600 на трката од Источно-Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам која викендов се возеше во Плевен, Бугарија, го забележа петтото место.

На патеката Плевен во Бугарија викендов се возеше втората рунда од Источно-Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам. Игор Спиров - Зизи (МК Гого) беше единствен претставник од Македонија на трката, а притоа го постигна истиот резултат како и во првата рунда.

Петтата позиција од 16 натпреварувачи е одличен резултат, но она што е поважно е дека Спиров ја подобрува својата форма, па така на оваа трка беше во борба и за третата позиција. Всушност првите пет натпреварувачи финишираа во временска разлика од 2 секунди, а третиот, четвртиот и нашиот Зизи возеа од почетокот до крајот еден зад друг.

По две рунди во шампионатот Игор Спиров се наоѓа на четвртата позиција во генералниот пласман. Се надеваме дека со подобар успех на следната трка Спиров ќе дојде до нови бодови кои ќе му помогнат да се искачи на третата позиција во Источно-Европскиот шампионат.

10342809 643179869097629 7721112474756702540 n

Во екипна конкуренција заради успехот на Спиров кој беше подобар од учесниците од останатите земји кои имаа по еден претставник, нашите претставници го земаа пехарот за трето место.

За разлика од првата трка во сезоната, овојпат временските услови беа далеку подобри, сепак наместо да видиме повеќе претставнци од Македонија, овојпат во Бугарија го проследивме само настапот на Спиров.

10380479 10152467104575330 54580333674059727 o

Третата трка во шампионатот се вози на 27 јули на патеката Плевен во Бугарија, а до крајот на сезоната предвидени се уште две трки, на 21.09.2014 во Србија на патека која дополнително треба да се утврди и 02.11.2014 во Серес, Грција.

Back To Top