MK мотоциклисти на меѓународни трки

Викендов во Серез започнува БМУ Европскиот и Македонскиот шампионат во брзински мотоциклизам

Викендов на патеката во Серез, Грција, започнува БМУ Европскиот и Македонскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Следете нè на:

 

Викендов на патеката во Серез, Грција, започнува БМУ Европскиот и Македонскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Исто како и минатата година, имајќи во предвид дека немаме вистинска патека на која можат да се организираат трки од ваков карактер, раководството на МФМ одлучи да го организира нашиот шампионат во рамките на БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Првите две трки се возат викендов на патеката Серез во Грција, а третата трка ќе се вози на патеката Плевен во Бугарија.

Класи во кој ќе се натпреваруваат мотоциклистите за Шампионатот на Македонија се следните:

-125 ( мотоцикли до 125 кубни сантиметри, натпреварувачка спецификација )

-600 Формула (мотоцикли до 600 кубни сантиметри, сериски мотоцикли)

-600 Супер Спорт (мотоцикли до 600 кубни сантиметри, натпреварувачка спецификација)

-1000 Формула (мотоцикли до 1000 кубни сантиметри, сериски мотоцикли)

-1000 Супер бајк (мотоцикли до 1000 кубни сантиметри, натпреварувачка хомологација).

Трката ќе биде организирана во соработка со Балканската Мото Унија, која е организатор на БМУ Европскиот шампионат во мотоциклизам на кружни патеки на истата патека, што ветува дека не очекува вистинско уживање на публиката и натпреварувачите.

На патеката во класата Ф600 ќе ги видиме Христијан Бузалковски, Филип Филиповски, Димитар Димитров, Перо Димитров и Иво Таневски. Во класата Ф1000 настапуваат Игор Спиров, Сашо Николов и Синиша Кочоски. Слободан Ивчески ќе настапи во класата Супербајк.

Патеката во Серез, Грција со својата близина и конфигурација за моментов е единствената која ги задоволува стандардите за организација на натпревар во брзински мотоциклизам, но во иднина амбицијата на новото раководство на федерацијата е да се погрижи сите Мотоциклистички Шампионати да добијат сопствени патеки каде би се организирале идните национални и меѓународни натпревари.

Според програмата утре се возат слободните тренинзи, а во сабота се квалификациите и првата трка. Во недела на програмата се вторите трки. Распоредот за целиот викенд е во прилот, не заборавајте дека временската зона во Грција е +1 час од нашата.

seres 2019 2

seres 2019 1

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

MotoGP шампионот, Марк Маркез, вели дека шасијата, перформансите на моторот како и поголемата концентрација се главните причини зошто има толку малку инциденти за време на трките.

Денеска ви носиме нови вести околу продажбата на мотоцикли.

Малата разлика во поразите на трките во Катар и Муџело покажува дека возачот на Honda е способен да победи на патеките кои му одговараат на мотоциклот на Ducati.

„Ги финализираме преговорите со возачот и неговиот менаџер. Се надеваме дека наскоро ќе ја слушнеме нивната одлука“ - Алекс Маркез ќе остане дел од Moto2 и ќе вози за Marc VDS?

Една од најинтересните работи кои ги видовме за време на WorldSBK трката која се возеше во Лагуна Сека беше преставувањето на најновиот модел кој ни доаѓа од фабриката во Болоња, Ducati Panigale V4 25° Anniversario 916.

Вообичаено, ова би требало да биде најдобриот период за забавниот парк во Калифорнија, но тој е затворен поради реновирање.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

  • 10 Август 2019 - 10 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Битола

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

  • 31 Август 2019 - 01 Септември 2019
  • Патека Плевен
  • Долна Митрополија, Бугарија

  • 07 Септември 2019 - 09 Септември 2019
  • Република Македонија

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.