MK мотоциклисти на меѓународни трки

Измешани емоции по трките во Серез

Викендов на патеката Серез во Грција се возеше втората рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на кој настапија 6 македонски возачи.

Следете нè на:

 

Викендов на патеката Серез во Грција се возеше втората рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на кој настапија 6 македонски возачи.

Патеката Серез во Грција беше домаќин на втората рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, на трката настапија возачи од Србија, Грција, Бугарија, Романија, Турција и 6 возачи од Македонија.

Во класата Супербајк (40) настапи Слободан Ивчески, во Ф1000 ги проследивме Игор Спиров и Синиша Кочоски, а во класата Ф600 беа пријавени Перо Димитров, Филип Филиповски и Иво Таневски.

Според новиот формат на натпреварувањето сите возачи кои за време на квалификациите ќе имаат време за 110% побавно од најдобриот возач, се префрлаат во новата комбинирана класа (600 и 1000цц) која се нарекува Ф110.

DSC 0366

Петочните тренинзи се одвиваа по сончево време, сите возачи го дадоа максимумот и забележавме одлични времиња, но за жал имаше и падови. Синиша Кочоски доживеа пад по кој за среќа излезе без повреда, но моторот беше тешко оштетен. Неговиот тим веднаш потоа се упати кон Скопје каде ноќта беше санирана штетата и утрината тие пристигнаа на време за квалификациите. 

Прогнозата за саботата беше неповолна, се најавуваше дожд но во мали количини и привремено, нешто што не одговара ниту за гуми за дожд ниту за гуми за суво. Утрината времето беше суво но патеката ладна па на квалификациите Перо Димитров доживеа пад кој го оддалечи од времето кое го возеше претходно. Ова значеше префрлање на Димитров во класата Ф110. На истата сесија и Филип Филиповски излета од патеката но за среќа успеа да се додржи на моторот и помина без штета, а претходно веќе имаше забележано одлично време кое го направи единствениот наш претставник во Ф600. Иво Таневски имаше проблеми со навикнувањето на моторот и возеше под своите можности што значеше настап во Ф100 и за него.

Пред првата трка во класата Ф600 дождот започна по интезивно да паѓа па организаторот се одлучи да ја прогласи трката за мокра што значеше задолжително користење на гуми за мокра подлога. Филиповски за жал немаше вакви гуми па беше вратен од стартот заедно со уште неколку други возачи. Истото се случи и во класата Ф1000, иако дождот веќе престана да паѓа трката повторно беше означена како мокра па сите возачи настапија со вакви гуми. Проблемот беше што само по неколку кругови сонцето го замени дождот па гумите за мокро се трошеа значително повеќе од што треба и сите беа по внимателни. Кочоски се снајде одлично на овие услови и во конкуренција на 23 возачи го освои 8-то место, а Игор Спиров заврши на 11-та позиција.

Во класата Ф110 Перо Димитров стартуваше од 5-та позиција, а Иво Таневски од 10-та, нивната трка се одвиваше на суви услови но конкуренцијата од 20 возачи си го направи своето. Димитров возеше под своите можности и на крајот финишираше на 7-та позиција, а Иво Таневски на 9-та. Во класата Супербајк Ивчески го имаше првиот настап за сезонава и прикажа одлично возење, тој заврши на 10-та позиција во генералната класификација односно 4-ти во Супербајк 40 (класификација за возачи над 40 години).

Неделното загревање не помина во најдобар ред за дел од нашите возачи, Перо Димитров и Филип Филиповски излетаа од патеката и притоа ги оштетија своите мотоцикли. Димитров не беше во можност да ја санира штетата па за него тоа беше крај на тркачкиот викенд, а Филиповски се обидуваше до самиот почеток на сесијата да направи се што може но едноставно немаше доволно време. За нив двајца ова дефинитивно беше викенд за заборав.

Во класата Ф1000 според резултатите од саботните трки бевме сигурни дека ќе следиме одлична трка. Конкурентите за челните позиции кои не настапија во саботата стартуваа од крајните редови, во средината беше Спиров (12-та стартна позиција), Кочоски стартуваше од 8-та позиција, а во предните редови беа двајцата најдобри возачи од саботата. За жал Кочоски не ја заврши трката и не успеа да го заокружи успешно викендот, но искуството кое го собра како и резултатот кој го прикажа гарантираат дека имаме уште многу за гледање од него. Спиров возеше одлична трка, изби на третата позиција веднаш по стартот и групата од 3 возачи до последниот круг имаше предност пред останатите. На крајот во фото финиш Аксел Имсаил му го одзема подиумот на Спиров кој и тоа како беше заслужен. 

Во класата Ф110 настапи само Таневски, кој овој пат прикажа одлично возење, го подобри својот најдобар резултат на патеката и заврши на 6-та позиција. Таневски имаше одличен старт се бореше за позициите и покажа дека може да се подобри значително на следните настапи.

Слободан Ивчески на крајот од викендот беше нај успешниот возач од Македонија. Тој во неделата возеше фантастично добро, заврти најбрз круг од 1:23.351 и заслужено дојде до третото место во SBK40 класата. Во вкупна конкуренција беше осми, што само покажува колку е значаен неговиот успех имајќи во предвид дека настапува заедно со Мартин Чој, Ангел Карањотов, Роберт Мурешан итн. Во неговата класа овој викенд имаше и гостински натпреварувач од Британскиот Супербајк, младиот Боди Еди возеше одлично и во саботата беше четврти, а во неделата втор во вкупната класификација.

Следната рунда се вози на патеката Моторпарк во Романија од 24 до 26-ти мај.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

„Ќе си заминам како човек кој е гладен да се врати“ - Јохан Зарко

Нашите пријатели од Холандија, Nieuwsmotor, само што ни ги испратија овие фотографии а на нив може да се видат два нови модели на Harley-Davidson, авантуристичкиот Pan America и спортскиот, Streetfighter.

Викендов се вози 12-та трка од МотоГП шампионатот на патеката Силверстоун во Англија.

„Возењето на еден круг на оваа патека е исто како да патувате од едно до друго место“ – Валентино Роси.

Хорхе Лоренцо ќе се врати на патеката овој викенд и ќе настапи на трката која се вози во Силверстоун.

Доколку мислевте дека Triumph работи напорно на подготовка на новите Scrambler и Speed Twin, тогаш имаме уште неколку нови информации за вас.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

  • 31 Август 2019 - 01 Септември 2019
  • Патека Плевен
  • Долна Митрополија, Бугарија

  • 07 Септември 2019 - 09 Септември 2019
  • Република Македонија

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.