Доколку вашето име не е на листата на најбогати Македонци, тогаш вашите шанси да имате Ducati 1199 Panigale RS13 се прилично мали.

panigale-2

Доколку вашето име не е на листата на најбогати Македонци, тогаш вашите шанси да имате Ducati 1199 Panigale RS13 се прилично мали.

Кај тркачката верзија на Ducati 1199 Panigale R, Panigale RS13, се отстранети сите светла, ретровизори, рефлектори и други работи кои ви се потребни за да ја поминете на технички преглед, добивајќи притоа мотор исклучиво посветен на уметноста на брзото возење.

panigale-rs13

Пред да се направи било каква споредба, важно е да се напомене дека Ducati 1199 Panigale RS13 не е моторот што се појавува на стартот на секоја трка туку тој е почетната фаза од програмата за развој на секој тркачки тим и чиј краен производ  обично е чудовиште на две тркала кое може да достигне повеќе од 220 кс.

Воопшто не е евтин доколку сакате да го купите, неговата препорачана цена изнесува 34.900 евра. Тоа се 3000 евра повеќе од Panigale R, но доколку на цената ја додадете каросеријата која е изработена од јаглеродни влакна, тогаш неговата цена изгледа разумна – доколку може да се каже нешто такво за мотор кој чини безмалку 35.000 евра.

Back To Top