Panigale 899 доаѓа со мотор кој развива 148кс, а тежи само 169кг. Од електронски помагала моторот располага со ABS, „ride-by-wire“, „engine braking control“ и контрола на пролизгување..

panigale-899-press-2014-2

Минатата недела Дукати го претстави новиот модел Ducati 899 Panigale за 2014 кој треба да претставува послаба верзија на прекрасниот 1199.

Сепак, тоа што моторот има помала зафатнина не мора да значи дека неговиот поголем брат е вистинскиот избор. Така на пример новиот модел кој ќе излезе во продажба во 2014 година изобилува со електроника и опрема на која можат да му позавидат повеќето мотоцикли со зафатнина од 1000цц. 

panigale-899-press-2014-1

Panigale 899 доаѓа со мотор кој развива 148кс, а тежи само 169кг. Од електронски помагала моторот располага со ABS, „ride-by-wire“, „engine braking control“ и контрола на пролизгување. Она што сепак го одвојува од 1199 и воопшто останатите модели на дукати е задната вилушка, која е двострана наместо моно вилушката која сме навикнати да ја гледаме.

Цената сеуште се подготвува во Динамикс кои се овластени увозници на Дукати за Македонија, а во меѓувреме уживајте во мега галеријата која ја подготвивме за вас.

Back To Top