Седум години откако MT-09 за прв пат се појави на сцената, Yamaha кај оваа „naked triple“ машина направи големи подобрувања.

Кога Yamaha го претстави МТ-09, тие започнаа нова ера на мотоцикли која сосебе донесе и нова генерација на возачи. Опсегот е проширен и сега има четири нови капацитети кои заедно само во Европа имаат продадено повеќе од 250 000 мотоцикли.  Што можеш да направиш со мотоцикл кој се продава толку добро? Во основа, дај му повеќе од се.

Започнувајќи со моторот, „CP3 triple“ доби мало подобрување од 847cc на 889cc. Со ова Yamaha целосно ги реновираше внатрешните делови со што пак резултираше со намалување на тежината за 1.7 килограми. Новата машина има тежина од 189 кг.

Зголемувањето на капацитетот доведе и до мало намалување на моќноста, од 117bhp на 115bhp. Најголема промена има кај бројот на вртежи, не само што сега има повеќе (од 64.5lbft на 68.5lbft) туку пристигнуваат и за 1500rpm порано.

Компанијата направи промени и кај другите делови. Горивото сега директно се збризгува во задниот дел на вентилите а исто така има и нов издув.

yamaha mt 09 03 txt 1 28 10

Овие промени не само што ја намалуваат потрошувачката на гориво и штетните гасови туку од компанијата велат и дека има повеќе бучава за да се „зголеми чувството на забрзување“. Нас ова добро ни звучи.

Сите овие промени се сместени во нова рамка и подрамка. Со ова е добиено дополнително намалување на тежината од 3.8 килограми. Yamaha исто така вели дека е за 50 проценти поригиден и дека тоа обезбедува подобро чуство на предниот дел од машината.

Мотоциклот исто така има и нова задна вилушка ка за која од Yamaha тврдат дека ја подобрува стабилноста во свиоците а исто така ја намалува и тежината. Меѓу останатите промени кај шасијата се новите тркала кои се исто така полесни од актуелните плус  ревидирана е и суспензијата.

Дури и сопирачките добија подобрувања. Напред има радијален главен цилиндар. Околу сиот овој метал има пластика, вклучувајќи и редизајн на предниот дел на мотоциклот кој сега има LED светла како и две позициони светла по страничните делови.

yamaha mt 09 02 txt 2 28 10

Целосна промена има и кај електрониката која сега има шест оскен IMU, развиен од единицата која ја има кај R1. Ова сосебе ја носи целата технологија која ја очекувате кај еден модерен супербајк, ABS во свиоци, контрола на тракцијата, контрола на тркало како и неколку режими на возење.

Целата оваа технологија можете да ја контролирате преку 3.5 инчниот TFT екран. Тука сепак недостасуваат некои од можностите за поврзување на паметните телефони кои ги има кај неговите ривали.

Цената на новиот мотоцикл се очекува да биде позната во јануари, а тој ќе пристигне во продавниците некаде кон средината на март.

Back To Top