Suzuki Ecstar MotoGP планира да потпише нови договори со Алекс Ринс и Јоан Мир за сезоните 2021 и 2022.

Во пресрет на презентацијата на новиот 2020 GSX-RR мотоцикл, се очекува Алекс Ринс да објави детали за новиот двогодишен договор кој треба да го потпише со Suzuki Ecstar MotoGP.

Шпанецот е големо изненадување во серијата откако го имаше своето деби за Suzuki во сезоната 2017. 24 годишниот возач пет пати се искачи на подиумот во 2018 година. Следната година постигна две победи, вклучувајќи ја и онаа кога во последниот круг на трката која се возеше во Силверстоун, успеа да го победи Марк Маркез.

А во пресрет на четвртата сезона во тимот, Италијанските медиуми открија дека за време на презентацијата на новиот 2020 Suzuki GSX-RR, ќе биде соопштено и дека Ринс ќе остане дел од тимот и во сезоните 2021 и 2022.

Исто така се очекува и Јоан Мир да остане дел од екипата и по завршувањето на оваа сезона. Поранешниот Moto3 шампион пред нешто повеќе од една година дебитираше во MotoGP и имаше добар настап со мотоциклот.

 DSC3099 copy copy

Ducati не успеа да потпише договор со Алекс Ринс

Од ваквата одлука, сигурно најмногу жалат Honda и Ducati кои не успеаа да дојдат до неговиот потпис.

Ducati веќе спомна дека би можеле да имаат нови возачи по завршувањето на сезоната 2021 и покрај тоа што моменталните возачи претставуваат микс на младост и искуство. Според информациите, Куартараро, Вињалес и Ринс биле дел од нивните планови.

Но после ова, значително пораснаа шансите тимот да ги задржи истите четворица возачи, Андреа Довициозо, Данило Петручи, Џек Милер и Пеко Бањаиа, но под поинаков распоред. Петручи и Милер се директни ривализа место во фабричкиот тим додека па Бањиаво сезоната 2020 за прв пат ќе настапи со машина која ги има најновите спецификации. За место во тимот ќе се бори и Јохан Зарко и покрај тоа што настапува за Avintia.

Во однос на Довициозо, во моментов тој е во многу подобра позиција при преговорот за нов договор со оглед на малиот број на возачи кои би можеле да го преземат неговото место.

Во меѓувреме, многу малку луѓе веруваат дека Марк Маркез наскоро ќе ја напушти Honda. Истото важи и за неговиот тимски колега, Алекс Маркез, кој е сигурен на своето место освен ако нема катастрофална сезона.

Кај LCR Honda, Кал Кратчлоу спомна дека по завршувањето на сезоната планира да се повлече од трките. Со ова ќе се ослободи подобар мотоцикл за Такааки Накагами за сезоните 2021 и 2022.

KTM, исто како и Ducati, се очекува да ги задржи истите возачи. Сепак, нивниот распоред ќе зависи од резултатите кои ќе ги постигнат.

Back To Top