Тродневниот тест првично беше замислен за проба на новите мотори пред официјалното тестирање кое ќе се оддржи од 7-ми до 9-ти февруари на истата патека.

Сега тестирањето ги вклучува не само фабричките тест возачи туку и возачите на сателитските тимови (Априлија и КТМ), а од оваа година и возачите почетници.

lorenzo sepang shakedown2

Најголемата новост на ова тестирање секако е враќањето на Лоренцо во боксот на Јамаха во улога на тест возач. На вчерашниот прв ден од тестирањето тој не се појави на патеката, денеска го видовме моторот со бројот 99 во боксот, па дури и Лоренцо со тркачкиот комбинезон но тој не се појави на патеката. Доколку не вози ни утре тогаш неговото доаѓање било заради запознавање со тимот и моторот и секако официјалниот тест кој се вози следната недела.

lorenzo sepang shakedown

Во просек од вчерашниот до денешниот ден времињата „паднаа“ за една секунда. Дани Педроса беше првиот кој го спушти времето под 2 минути, а единствен возач кој му направи друштво беше Пол Еспергаро. Официјалните рекорди во Сепанг се 1:59.661 (на трка), 1:58.303 (пол позиција), а неофицијалниот рекорд го забележа Данило Петручи минатата година кога на тестирањето извозе круг со време од 1:58.239

1 Pedrosa Red Bull KTM 1:59.841
2 Pol Espargaro Red Bull KTM 1:59.972
3 Alex Marquez Repsol Honda Team 2:00.270
4 Miguel Oliveira Red Bull KTM 2:00.695
5 Pirro Ducati Team 2:00.695
6 Stefan Bradl Repsol Honda Team 2:00.749
7 Brad Binder Red Bull KTM 2:00.899
8 Guintoli Team Suzuki 2:01.125
9 Smith Bradley Aprilia Racing 2:01.460
10 Iker Lecuona Red Bull KTM 2:01.946
11 Savadori Lorenzo Aprilia Racing 2:03.606

bradl honda 202005 1580707923

Кога сме кај самите мотоцикли имавме прилика да ги видиме и новитетите, најпрво тука беше Хонда која на моторот на Штефан Брадл го имаше поставено новиот аеродинамичен кит. Предната маска има крилца кои се многу по масивни од претходните, а различна е и самата форма која претходно беше права линија.

Сепак најголема промена е забележана на новата Априлија. Мотоциклот од Ноале има нов агрегат кој сега е под 90 степени (исто како кај Дукати и Хонда), а промените во аеродинамиката се очигледни. Априлиа за време на зимскиот период го надгради својот тркачки тим со инженери од Ферари, Сузуки, Дукати, Ламборгини и БМВ, а сето тоа очигледно вроди со плод. Новата RS-GP сега има нова рамка и нова електроника, а како ќе се покаже агрегатот, останува да видиме.

Back To Top