Кога би го знаеле одговорот на ова прашање веројатно би работеле “барабар” со Simon Crafar, но сепак ќе се обидеме да дадеме суд гледано од наш агол. 

12 maverick vinales

Завршија првите денови на тестирање за сезоната 2022 во MotoGP и сите тимови ги “мелат” податоците собрани од првите извозени километри, додека веќе патуваат за вториот тест во Индонезија.

Да не заборавиме дека MotoGP караванот заради пандемијата се врати на патеката Sepang во Малезија, по пауза од скоро 2 години.

Тоа значи дека многу работи се смениле во меѓувреме и дека резултатите од овој прв тест треба да се гледаат со огромна резерва. Колку за потсетување последен пат кога падна црно белото знаме на стартно-целната рамнина во Sepang, токму Valentino Rossi го забележа рекордот на патеката постигнато во трка со време од 1'59.661...

Околу впечатоците за првиот тест, секако ако ги тргнеме на страна фактот што не знаеме кој со колку гориво возел, која програма ја имал за тестирање и т.н. 

Aprilia бележи најголем напредок

Дали ќе погрешиме ако кажеме дека Aprilia, која сега настапува независно од тимот на Gresini, покажа најголем напредок? Гледајќи ги постигнатите времиња секако дека делуваат импресивно.

Сигурно помага фактот што и Maverick е последниот победник на оваа патека во 2019-та, на моторот на Yamaha, но без вистински прогрес од самата машина не се возможни чуда во модерниот MotoGP шампионат.

Потврда за тоа е и времето на колегата Espargaro, па и покрај фактот што се работи само за прв тест, сепак можеме да признаеме дека е интересен напредок кој треба да го потврдат на следниот тест во Индонезија.

Suzuki ја пронајде својата брзина

Suzuki е уште еден тим кој не ги криеше импресиите од унапредениот четири-цилиндарски мотор кој сега конечно им овозможи поголема максимална брзина на долгите правци во Sepang. Ова ќе значи зголемување на шансите за подобар пласман, односно со самото тоа и зголемување на шансите за задржување на Mir(от) во тимот. Rins сепак треба да ја потврди брзината која сите знаеме дека ја поседува. 

Останатите тимови освен Suzuki и Yamaha развија автоматска активација на holeshot уред кој ќе ги ослободи возачите од дополнителна обврска со ионака веќе комплицираните команди.

Yamaha или не што крие или ќе мора да крие нешто

Кога сме кај Yamaha засега потфрли со унапредувањето на максималната брзина, барем во однос на останатите, но за чудо шампионот не беше многу критичен на темата. Тоа може да значи дека можеби сепак има напредок, но не го прикажаа до сега (sandbaging), или Fabio сепак смета дека му е ова доволно за да ја одбрани титулата затоа што сепак се тестираше на уникатна патека со екстремно долги правци, или Французинот не успеал да добие некоја привлечна понуда од конкурентен тим па се помирил со тоа што го има. Интересен беше неговиот коментар дека не може да постигне добро време на нова гума, нешто што до сега беше негова специјалност.

Неговиот тимски колега Morbidelli бараше подобро темпо кога условите на патеката не нудат добар грип, нешто што стана дел од карактерот на M1 во последните сезони. Барем повредата е залечена и полека се надева на потполно прилагодување на новиот модел на моторот со кој во 2020 нижеше победи.

Сателитскиот тим WithU Yamaha RNF е во процес на усогласување со новите членови на тимот како и со новите генерации на M1, ’22 за Dovi и ’21 за Darryn. Dovi дури имаше и за нијанса подобро време од Franco, но кога се работи за позиции под 20-тото место и не е нешто за пофалба. Помладиот Binder засега се држи до планот да избегнува инциденти и да собира искуство, па не не чуди последната позиција на тестирањето. Како феномен ја сподели турбуленцијата која се јавува при следење на конкурент. Да се надеваме дека нема да се отиде во правец на F1...

Honda RC213V не дозволи да се гледа наназад

Тимот на HRC Honda е уште еден од тимовите со очигледен напредок. Сосема новата варијанта RC213V, која личи на се освен на минатогодишната варијанта, покажува огромен потенцијал, ако ја земеме во предвид изјавата на Marc кој кажа дека многу полесно постигнува подобро време со новата генерација. Споредбените видеа токму тоа и го докажуваат. Нема веќе бесење на моторот и рели влегувања во свиок. Дали ова ќе бара и промена на неверојатниот стил на возење на шесткратен шампион, ни останува да видиме понатаму. Секако нема да се буни доколку почне повторно да освојува победи како пред повредата. Фактот што неговиот колега Pol, не се ни качи на старата варијанта на моторот доволно кажува. Стариот мотор го достигна крајот на својот потенцијал уште во 2020 кога почнаа падовите и слабите резултати кај сите возачи на Honda.

93 marc marquez lg70495.gallery full top lg

Нивните колеги од LCR, го делат мислењето на фабричките возачи и потврдуваат дека се работи за повозлива варијанта на моторот на Honda. Веќе и двајцата возачи се со солидно искуство и можеме да очекуваме приклучување во борбата за високи позиции. 

За KTM има уште многу работа 

KTM е еден од тимовите кој има огромна работа пред себе. Моторот е еден од најмоќните, на ниво со Ducati и Honda, но постигнатите времиња тоа не го покажуваат. Иако можеби тоа не им се допаѓа на сите, Ducati наметна една неверојатна трка во иновации. Особено на страната на аеодинамиката. Токму тука се гледа слабоста на RC16. Oliveria и Binder се сложуваат дека главниот проблем на кој треба да работи тимот е тракцијата и преносот на снага и аеродинамиката која им пречи на стабилноста при влез во свиок.

Сателитскиот Tech3 KTM сепак стартува со почетници во класата па веројатно ќе го следат развојот на фабричкиот тим. Додека од агресивниот Fernandez се очекуваше да покаже добри времиња, повредениот Gardner извозе “машки”, ако се земе предвид недела дена старата операција на зглобот на раката кој заостануваше нешто повеќе од десентинка и половина

Ducati, од каде да почнеме..

Ducati го оставивме последен заради фактот што опслужува дури 4 тима со вкупно 8 мотоцикли. Самиот факт што младиот Италијан Enea Bastianini се наоѓа на врвот на поредокот од тестирањата кажува доволно. Тоа што го постигна најдоброто време на ланскиот модел на GP21 и не треба да не чуди, затоа што се работи за моторот кој минатата година беше скоро непобедлив во послените 6 трки, што значи дека е максимално развиен. Тимот на Gresini за кој настапува Enea конечно има причина за радост. Тимскиот колега Di Giantonio успеа да му се приближи до 1 секунда разлика, што како за почетник е одлично. 

63 francesco bagnaia malesia

Pramac е следен според постигннувањата пред се заради ултра брзиот Martin кој е најдобар на новиот GP22 кој да не заборавиме е сеуште во развој. Zarco заостануваше само 2 десетинки и е исто така за пофалба. 

Фабричкиот тим на Lenovo Ducati кој ги промовираше новите бои на тимот (заради отсуство на Mission Willow), потврди дека новиот мотор сеуште не е наштелувам до максимум што е уште пострашно за конкурентите ако се земе предвид дека и вака изгледа брзо. Luigi повторно крие некои трикови зад насмевката покриена со белата брада. Pecco е на пат на продолжување на договорот што значи дека ќе вози со уште поголема самодоверба, а Miller повторно ќе вози со притисокот за подобар резултат, што е нормално затоа што реално сè освен борба за титула е гаранција за добивање црвен картон. Нема веќе оправдување.

23 enea bastianini

Новиот тим на легендата Valentino Rossi Mooney VR46 Racing Team, имаше проблеми со двата мотора на Luca Marini што му даде ограничено време за навикнување на новиот мотор, но сепак постигна импресивно време за нецели 3 десетинки зад најдоброто. Сепак се работи за најновата варијанта GP22 што значи дека потенцијалот е тука. Неговиот колега Bezzecchi, кој веќе го имаше епитетот за најдобар руки на претходнот тест, се прилагодува одлично и го потврди резултатот и на овој тест. Постарата варијанта на GP21 веројатно е подобро за почеток затоа што не мора да се занимава со развивање на моторот. 

Следната станица е следниот викенд во Индонезија, па ќе видиме дали е ова трендот на сезоната или ќе има нови изненадувања.

Back To Top