МотоГП тимот на Сузуки денеска објави дека се задоволни што го обезбедиле потписот на Андреа Јанон за сезоните 2017-2018.

Сега веќе е официјално, Дукати ќе го задржи Довициозо, Вињалес заминува во Јамаха, а тимот на Сузуки потпиша две годишен договор со Андреа Јанон.

andrea ianone suzuki

Италијанецот ќе се трка со новиот GSX-RR во следните две сезони. Тој е роден на 9-ти август 1989 година во Васто (Јужна Италија), а тркачката кариера ја започна на 15 годишна возраст (во 2004 година). Во 2005-та започна со натпреварување во ГП во класата до 125цц. Забележа 4 победи пред да премине во Мото2 класата во 2010 година каде забележа 8 победи. Јанон премина во МотоГП класата во 2013 година, а во 2015 се искачи на петтото место во генералниот пласман.

Среќни сме што потпишавме со Јанон, тој е еден од најдобрите возачи во МотоГП, а воедно е и многу пасиониран и мотивиран возач што одлично се вклопува во нашата тркачка филозофија. Нашиот технички проект предвидува константно подобрување на GSX-RR, од нашето деби во 2015 година целта беше што поскоро да се доближиме до борбата за првите позиции, а сега веќе и за победа. Андреа е брз возач со желба за успех, тој има искуство од 4 години во МотоГП кое ќе му биде од корист и на тимот и навистина верувам дека ова ќе биде успешна соработка. Давиде Бривио

Back To Top