Од вториот до осмиот круг има најголемо оптоварување врз сопирачките. Пред крајот на трката, притисокот врз нив се намалува за 20 проценти, велат од Brembo.

Како и сите тркачки машини, и МотоГП мотоциклите се однесуваат различно на стартот на трката во споредба со крајот а пневматиците и потрошувачката на гориво се најважните варијабли.

Контактот на гумите со површината се особено значаен фактор и како што одминува трката, така тој контакт се повеќе се намалува. Поради оваа причина, најбрзите кругови обично се случуваат во првата половина од секоја трка.

 DSC3605 copy

Способноста на еден мотоцикл да ги сочува пневматиците како и способноста на возачот да го искористи до максимум добриот контакт на гумите со асфалтот се од круцијално значење.

Возачот на Suzuki, Жоан Мир, минатата година ја освои титулата иако не стартуваше од првиот ред. Оваа година само еднаш победи возач кој стартуваше од пол позицијата. Местото на подиумот обично се одредува во последните шест круга.

„Има поврзаност помеѓу системот за сопирање и потрошувачката на гориво“, вели Андреа Бергами, тркачки инжинер во Brembo.

„Кога резервоарот има помалку гориво тогаш сопирањето е подобро. Обично најважната разлика е притисокот врз сопирачките кој го прави возачот. Во последниот круг тој е дури за 20% послаб отколку во првите неколку круга од трката.“

„Вообичаено, најголемо оптоварување врз сопирачките има помеѓу вториот и осмиот круг. Но ова зависи од патеката и од мотоциклот.“

 DSC3407

Иако енергијата потребна да се забави мотоциклот варира, Бергами вели дека техниката на сопирање всушност е непроменета, пред се поради дисковите изработени од јаглеродни влакна.

„Вообичаено возачите пред свиокот најмногу притискаат на сопирачката а потоа притисокот се намалува се додека не излезат од свиокот“, вели Бергами.

„Но ова повеќе зависи од материјалот од кој се изработени сопирачките отколку од самиот стил на возење на натпреварувачот. Како се зголемува температурата така се зголемува и триењето на материјалот. Затоа, со тек на време потребен е помал притисок врз кочниците.“

Но има многу повеќе работи кои може да ги направи возачот кога станува збор за задните сопирачки.

„Мислам дека различните начини на кои возачите ја користеа задната сопирачка минатата година е поврзано со еволуцијата на мотоциклите“, вели Бергами.

„Сите возачи различно ја користат задната кочница. Но овие разлики најмногу се поради начинот на кој еден натпреварувач вози со мотоциклот со цел максимум да го искористи целокупниот пакет.“

Back To Top