Pramac Ducati откри дека планираат Хорхе Мартин да се врати на трката во Муџело. Тоа значи дека тој ќе ги пропушти трките во Херез и Ле Ман.

Pramac Ducati соопшти дека не очекува повредениот дебитант Хорхе Мартин да се врати на патеките пред трката во Муџело. Тоа значи дека Мартин, кој претрпе неколку повреди во инцидентот кој се случи за време на тренингот во Портимао, нема да биде дел од следните два настани. На следните две трки во Херез и Ле Ман него ќе го замени Тито Рабат.

jorge martin txt 23 04

Трката во Италија е закажана да се оддржи помеѓу 28-ми и 30-ти мај. Мартин, мораше веднаш да замине во болницата во Барселона каде му беше направена операција на десната рака и десниот зглоб. На другите повреди кои ги има на левата и десната рака како и на левото колено, немаше потреба да се направи операција.

На една од трките во Доха, Мартин ја освои пол позицијата, беше лидер одреден период од трката и на крајот заврши на подиумот. Тој ќе остане во болница на опсервација во следните 72 часа.

Back To Top