МотоГП возачите Џек Милер и Икер Лекуона заминаа на операција поради проблемите кои им се појавија по завршувањето на трките во Катар.

Џек Милер и Икер Лекуона мораа да заминат на операција по завршувањето на двете трки кои се возеа во Катар откако се пожалија на болки во раката.

„Почнав да чуствувам болка на десната страна на телото“, изјави Милер откако од петото падна на деветото место во последните етапи од трката која во неделата се возеше во Катар.

На истата позиција заврши и на првата трка но тогаш имаше проблеми со пневматиците. „И минатата трка чуствував слична болка но тогаш не беше толку сериозно“, вели Милер.

„Не можев да ја почуствувам рачката на кочницата за време на последните четири круга. Исто така не можев добро да ја притиснам и гаста. Не сакам да имам уште една ваква трка.“

Miler txt 1 07 04

Фабричкиот возач на Ducati веднаш замина во болницата во Барселона каде му беше извршен преглед од страна на доктор Хавиер Мир.

Откако му беше направена магнетна резонанца, беше донесена одлука тој веднаш да замине на операција со цел да се поправи мускулот и нервите.

Австралиецот ќе помине 24 часа во болница а потоа ќе може веднаш да почне со рехабилитација со цел да биде подготвен за следната трка која се вози во Портимао.

„Операцијата беше кратка и се помина во најдобар ред. Со нетрпение чекам да почне рехабилитацијата“, вели Милер.

„Има уште десет дена до следната трка во Портимао. Ако се се одвива како што треба, ќе бидам спремен за тркање иако можеби нема да бидам 100 проценти подготвен.“

„Сакам да му се заблагодарам на д-р Мир и неговиот тим за целата помош која ми ја пружија.“

Лекуона исто така одлучи да замине на операција. Откако падна, трката во Катар на крајот тој ја заврши на седумнаесетата позиција.

„Икер ќе има операција на десната рака. За среќа, после тоа тој нема повеќе да го има истиот проблем. Поради тоа, тој имаше проблеми и на претходните настапи“, изјави првиот човек на Tech3, Ерв Поншарал.

lekuona txt 07 04

Операцијата врз Лекуона беше направена во Валенсија.

„Успешна операција. Благодарност до д-р Едуардо Санчез и неговиот тим од болницата во Валенсија“, напиша Лекуона на Твитер.

Back To Top