Лошото време можеби го одложи стартот на MotoGP тестовите во Арагон но Repsol Honda успеаа да ја претстават прототип верзијата на RC213V за 2014.

2014-honda-rc213v

Лошото време можеби го одложи стартот на MotoGP тестовите во Арагон но Repsol Honda успеаа да ја претстават прототип верзијата на RC213V за 2014.

HRC имаа слична тактика и минатата година-моделот 2013 го имаше своето деби во Јули на тестот во Муџело, а веќе од трката во Лагуна Сека почна да го вози Дани Педроса.

Овој пат Педроса веќе води во шампионатот. На второто место се наоѓа возачот на Јамаха, Хорхе Лоренцо, кој има седум бодови заостанување, а трет е дебитантот Марк Маркез.

Јамаха, Сузуки и сателитските тимови на Хонда исто така ќе присуствуваат на тестот во Арагон.

Прописите за MotoGP во 2014 наложуваат секој тим да има по еден литар гориво помалку, од 21 на 20 литри, и употреба на контролиран „ECU“ хардвер, но имаат слобода да продолжат да развиваат сопствен софтвер.

Back To Top