Хорхе Лоренцо постигна најдобро време на тестот кој се одржа после трката во Барселона  но сепак  најмногу се зборуваше за Сузуки.

2015-Suzuki-XRH1-MotoGP-Catalunya-Niki-Kovacs-09

Хорхе Лоренцо постигна најдобро време на тестот кој се одржа после трката во Барселона  но сепак  најмногу се зборуваше за Сузуки.

На првото возење, Ренди де Пуние постигна време од  1.42,676, само три четвртини послабо од времето кое го постигна Лоренцо.

Ники Хејдн имаше второ најдобро време, а позади него се најде Штефан Брадл. И Хејдн и Довициозо ги возеа Ducati GP13 и лабораторискиот мотоцикл, но ниту еден од нив не беше доволно убеден дека новиот мотоцикл е подобар од актуелниот.

Кал Кратчлоу се најде на петото место.  Поголем дел од денот тој го помина вежбајќи го стартот на трката исто како и неговиот тимски колега Бредли Смит. И двајцата возачи имаа неколку излегувања со полн резервоар за да работат на подобрување на возењето во првите осум до десет круга од трката, дел од патеката на кој досега се мачеа возачите на Јамаха.

Валентино Роси го заврши денот на шестото место. Тој главно работеше на подготовките за трката но падот кој го имаше попладнето ја промени неговата тренинг програма. Италијанецот имаше радикално различна распределба на тежината но падна на третиот свиок. Роси помина неповреден но мотоциклот имаше големи оштетувања.

Алекс Еспергадо заврши на шестото место со заостанување од нешто повеќе од шест десетинки од времето на Лоренцо но сепак тоа беше импресивен подвиг за Aprilia CRT. Еспаргадо изјави дека дури користел и мотор со помала моќ на тестот, чувајќи го подобриот мотор за следната трка.

Тестот беше комплициран поради временските услови. Температурата на патеката беше значително поладна од денот кога се одржа трката и поради тоа беше исклучително тешко да се направи споредба со перформансите од трката.

Јамаха потоа замина во Арагон каде и се придружи на Хонда но првиот ден од тестирањето на Арагон беше оневозможено заради лошите временски услови.

Поз Бр. Возач Мотор Време Разлика од претходен
1 99 Jorge Lorenzo Yamaha 1:41.904    
2 69 Nicky Hayden Ducati 1:41.955 0.051 0.051
3 6 Stefan Bradl Honda 1:42.227 0.323 0.272
4 4 Andrea Dovizioso Ducati 1:42.417 0.513 0.190
5 35 Cal Crutchlow Yamaha 1:42.462 0.558 0.045
6 46 Valentino Rossi Yamaha 1:42.513 0.609 0.051
7 41 Aleix Espargaro Aprilia ART 1:42.537 0.633 0.024
8 14 Randy de Puniet Suzuki 1:42.676 0.772 0.139
9 29 Andrea Iannone Ducati 1:42.697 0.793 0.021
10 38 Bradley Smith Yamaha 1:43.180 1.276 0.483
11 51 Michele Pirro Ducati 1:43.784 1.880 0.604
12 8 Hector Barbera FTR Kawasaki 1:43.899 1.995 0.115
13 5 Colin Edwards FTR Kawasaki 1:44.183 2.279 0.284
14 17 Karel Abraham Aprilia ART 1:44.458 2.554 0.275
15 9 Danilo Petrucci Suter BMW 1:44.477 2.573 0.019
16 70 Michael Laverty PBM 1:44.547 2.643 0.070
17 71 Claudio Corti FTR Kawasaki 1:44.794 2.890 0.247
18 68 Yonny Hernandez Aprilia ART 1:45.078 3.174 0.284
19 52 Lukas Pesek Suter BMW 1:47.379 5.475 2.301
Back To Top