Honda им се приклучи на Ducati и KTM и потврди дека и во иднина ќе остане дел од MotoGP.

Екипата е првиот Јапонски производител кој потврди дека и во иднина ќе остане дел од MotoGP откако потпиша договор со Dorna до 2026 година. Honda прв пат стана дел од Гран При трките во 1954 година и досега има постигнато повеќе од 800 победи во сите класи а за тимот настапија повеќе од 100 различни возачи.

Во премиерната класа, Honda има освоено 25 титули кај возачите, што е повеќе од било кој друг бренд во историјата. Меѓу нив се и шесте титули кој во последниве осум години ги освои Марк Маркез.

Покрај фабричкиот тим, кој оваа сезона ќе го сочинуваат Пол Еспаргаро и Марк Маркез, Honda повторно ќе ги обезбеди RC213V машините за LCR за кој пак ќе настапат Алекс Маркез и Такааки Накагами.

Honda MotoGP Main 05 02

„Прво сакам да искажам почит и благодарност за Кармело Езпелета и сите останати во Dorna Sports за трудот кој го вложуваат за организирање на трките во период кога има пандемија“, изјави Нориаки Абе, еден од одговорните во Honda Motor Co., Ltd.

„Многу сум среќен што го обновивме договорот и што ќе останеме дел од шампионатот и во периодот од 2022 до 2026 година. Екипата е дел од трките уште од 1959 година и минатата сезона стигнавме до осумстотата победа.“

„Honda  верува дека MotoGP трките се витални за нашите мотоспорт активности. MotoGP е врвот на трките и ни овозможува да развиваме различни технологии.“

„Со помош на инжинерите кои се дел од тимот, Honda може да произведе подобри продукти за нашите клиенти. Ние и во иднина ќе продолжиме да ги исполнуваме соништата на нашите фанови.“

Кармело Езпелета, извршниот директор на Dorna, додаде: „Оваа одлука е многу важна за MotoGP бидејќи Honda е едно од првите имиња кои се спомнуваат кога зборуваме за мото трките.“

„Јапонскиот производител е многу важен дел од MotoGP шампионатот а продолжувањето на оваа соработка уште повеќе ја зацврстува врската меѓу двете страни.“

Се очекува дека и Yamaha, Suzuki и Aprilia ќе ги продолжат договорите со MotoGP. Во моментов, Gresini и LCR се единствените независни екипи кои ја продолжија соработката.

Back To Top