На 7 од вкупно 21 MotoGP трки годинава може да бидете дел од портокаловото искуство на KTM.

ktm ultimate orange motogp experience

Во организација на KTM повторно се враќа Ultimate Orange MotoGP Experience за сезоната 2022. Со оваа понуда KTM им овозможува на своите најверни фанови да бидат дел од специјалната портокалова трибина. KTM за сите челнови на овој ексклузивен клуб ќе обезбеди капчиња, маици, торби и знамиња со цел посилно и повидливо да ги бодрат нивните возачи. Секако овие подароци ќе бидат достапни на самите трибини за време на главните натпреварувања.  

Во оваа програма KTM вклучува 7 локации, односно 7 трки. Сите, освен една се во Европа таа која не е е всушност големата награда на Филип Ајленд во Австралија, закажана за октомври оваа година. 

KTM своја трибина ќе има во Ле Ман, Барцелона, Заксеринг, Асен, Силверстон Ред Бул Ринг. во Австрија и како што веќе наведовме Филип Алјанд, Австралија. 

Ако сте фан на KTM а планиравте да одите на некоја од наведените трки оваа година, веројатно ова е шанса која не треба да ја пропуштите. 

Сите детали: THE ULTIMATE ORANGE MOTOGP™ EXPERIENCE

Back To Top