Хорхе Лоренцо направи голем исчекор во однос на позиционирањето на телото додека вози со RC213V но признава дека првите неколку трки од новата сезона ќе бидат голем предизвик.

Хорхе Лоренцо го чекаше многу работа на втората вечер од MotoGP тестот кој се оддржа во Лосаил. Возачот кој доаѓа од Мајорка призна дека мора да остане смирен и трпелив бидејќи стартот на сезоната се наближува многу брзо. Предвидува дека првите неколку трки ќе бидат тешки.

Во саботата, пет-кратниот шампион се имаше проблеми да ја најде вистинската позиција додека возеше со неговиот Honda RC213V но веќе во текот на вториот ден, работите почнаа да се подобруваат. Во саботата имаше 18-то најдобро време но резултатот од 1 минута и 55.742 секунди беше за само 1.149 секунди побавно од најбрзиот круг кој го постигна Алекс Ринс. Признава дека веќе се чувствувал многу подобро на мотоциклот.

Jorge Lorenco Txt 25 02

„Чувствував големо подобрување во однос на физичката подготвеност. Помалку се заморив“ , изјави Лоренцо.  Но со оглед на тоа да набрзо ќе стартува и новата сезона, признава дека работите можеби нема да се одвиваат најдобро во март и април.

„Малку ја подобривме егрономијата на мотоциклот“ , изјави Лоренцо. „На крајот на денот почувствував болка во зглобот и затоа морав да направам мала пауза.“

„Но од друга страна се чувствувам многу подобро и веќе почнавме да работиме на сетапот за да го подобриме мотоциклот. Можеби позицијата не ни е најдобра но не сме премногу далеку од најбрзите возачи. Вчера заостанувавме 2 секунди а денека разликата се намали на 1.1 секунда.“

„Во однос на чувството и работата на мотоциклот имаме направено голем исчекор. Сите возачи се многу блиску и разликата изнесува само една секунда. Не стигнавме до најдобрата позиција но важно е што успеавме да ја намалиме разликата во однос на останатите тимови.“

Jorge Lorenco Txt 1 25 02

„Доколку продолжиме да работиме на истиот начин сигурно ќе се подобриме. Но за жал немаме промногу време. Можеби првите трки ќе бидат тешки но малку по малку ќе се подобриме. Само мораме да бидеме трпеливи.“

За тоа каква му е состојбата на зглобот, Лоренцо вели: „Се обидувате да направите се што можете за да не ја оптеретите раката. Повеќе се потпирате на едната страна од телото. Но сигурен сум дека состојбата ќе се подобри до трката во Катар.“

„Денеска, на почетокот на денот, немав никакви проблеми со зглобот но во последните два часа почнав да чувствувам болка и затоа не можам да извозам уште неколку кругови. Во однос на позицијата на седење, денеска беше многу подобро.“

„Гледам потенцијал во мотоциклот. Но и другите тимови не седат мирни и се многу компетитивни. Ако продолжиме да работиме напорно, резултатот сигурно ќе дојде.“

Back To Top