„Кратчлоу е првиот Британски возач кој победил на GP трка со мотоцикл на Honda по Мајк Хеилвуд кој победи на Канадската Гран При трка во 1967 година“

Кал Кратчлоу конечно ја прекина серијата од 35 години без победа на Британски возач во MotoGP, откако оствари победа на трката која се оддржа во Брно. Пред триумфот на Кратчлоу, последниот Британски возач кој победил на трка од премиерната класа беше Бери Шин кој победи на трката која се оддржа во Шведска на 16ти август 1981 година.

cal crutchlow 004 .middle

Официјалната MotoGP статистика исто така открива :

-Победата на Шин во Шведска беше тристотата трка во категоријата од 500cc а исто така и 138 победа во премиерната класа за Британските возачи.  Од неговата победа па до денес,  се оддржале 532 трки на кои немало победник од Британија се до триумфот на Кратчлоу на трката во Брно.

-Со возраст од 30 години и 297 дена, Кратчлоу е најстариот возач кој ја постигнал својата прва победа во MotoGP. Рекордот пред него го држеше Трој Бејлис кој победи на трката во Валенсија во 2006 година.

- Кратчлоу е првиот Британски возач кој победил на GP трка со мотоцикл на Honda по Мајк Хеилвуд кој победи на Канадската Гран При трка која се оддржа во 1967 година.

-Победата во Брно беше десетиот MotoGP подиум за Кратчлоу.  Тој е втор на листата на најмногу освоени места на подиумот кај Британските возачи после Бери Шин.

-Кратчлоу е шестиот возач кој успеал да постигне победа во MotoGP а без притоа да се има натпреварувано во помалите категории. Со тоа, тој им се приклучи на Ники Хејдн, Макото Тамада, Трој Бејлис, Крис Вермулен и Бен Спајс.

-Кратчлоу е седумнаесетиот возач на кој му успеало да постигне победи во MotoGP и во WSBK сериите.

Истиот ден кога Кратчлоу постигна победа во MotoGP, неговиот сонародник Џон МекФи ја оствари својата дебитанстка победа во Moto3 класата а Сем Ловс се најде на подиумот во Moto2:

-Ова е втор пат по 1977 година, двајца Британски возачи да победат на две Гран При трки во ист ден. Претходно, тоа се случи на минатата година во Остин кога Сем Ловс победи во Moto2 а Дени Кент во Moto3.

-Прв пат по 1976 година, двајца Бритнски возачи ја остварија својата прва Гран При победа во иста сезона.

-Британските возачи оваа година постигнаа победи во секоја од трите класи. Последниот пат кога се случи тоа беше во 1973 година, кога Фил Рид  четири пати победи во класата од 500cc, Чарли Вилијамс победи во класата од 250cc а Чес Мортимер и Томи Роб постигнаа по една победа во класата од 125cc.

-Со освоеното трето место на Сем  Ловс на Moto 2 трката која се оддржа во Брно, само втор пат по 1978 година Британија има барем едно место на подиумот во трите класи на ист ден. Претходно, тоа се случи на трката во Аргентина минатата сезона.

-За прв пат по 1976 година, Британија има три различни Гран При победници во иста сезона.

Back To Top