„Ми се допаѓа Силверстоун, таа е многу забавна патека но истовремено и патека која бара многу труд“ – Валентино Роси

На трката која ќе се оддржи овој викенд на патеката во Силверстоун, Валентино Роси повторно ќе се обиде да ја намали предноста во однос на Марк Маркез.

Италијанецот има добри сеќавања од оваа патека.Тука ја постигна последната победа во 2015 година, откако во интересна трка успеа да ги победи Данило Петручи и Андреа Довициозо.

rossi action

„Имам добри сеќавања од оваа патека. Минатата сезона победив во една неверојатна трка која се возеше на многу тешки услови.  Се надевам дека оваа година времето ќе биде добро, но тоа тука никогаш не се знае,“ изјави Роси.

„Патеката е многу забавна но истовремено и бара многу труд. Таа е долга и има многу делови каде се вози навистина брзо. Важно е да го најдеме вистинскиот сет ап за мотоциклот.“

„Ќе се обидеме да работиме на сите аспекти како што правиме цела сезона, за да постигнеме најдобар резултат.“

Роси, кој е импресиониран од новата шасија и задна вилушка на Yamaha, побара да почне да настапува со нив најбргу што може, со цел да се обиде да ја намали предноста во однос на Маркез.

Дали Роси ќе ги користи новите делови во текот на викендот?

Иако не изнесе детали, тимскиот директор Масимо Мерегали изјави дека некои нови делови ќе бидат достапни: „Убедени сме дека можеме да бидеме многу компетитивни, особено сега откако ќе можеме да користиме некои нови делови кои ги пробавме за време на последниот тест.“

Тимскиот колега Хорхе Лоренцо, кој не ја проба новата шасија, заостанува шест бодови зад Роси. 

Back To Top