Не сум разочаран но сум изненаден бидејќи повеќе или помалку очекував ист резултат како и во Валенсија

Откако се најде на осмото место на своето деби во тимот на Ducati на тестот кој се оддржа во Валенсија во ноември, трикратниот MotoGP шампион Хорхе Лоренцо изјави дека е изненаден од тешкиот старт на првиот тест за оваа сезона кој се оддржа во Сепанг.

Шпанецот, кој за прв настапи во униформата на својот нов тим, го заврши денот на седумнаесетото место од вкупно дваесет и седум возачи.

lorenzo 99 17

„На почетокот бев навистина бавен но потоа малку по малку го подобрував своето време и се приближив до врвот,“ изјави Лоренцо. „Но потоа почна да врне. Сепак, задоволни сме од прикажаното бидејќи докажавме дека мотоциклот има потенцијал да биде навистина брз и тоа е добро.“

Неговиот тимски колега Андреа Довициозо се најде на второто место со новиот GP17, а возачот на Aspar, Алваро Баутиста, кој настапи со GP16, беше четврти.

„Најмногу губам воглавно при запирањето,“ изјави Лоренцо. „На средина на свиокот не губам толку многу, а при забрзувањето, понекогаш сум побрз дури и од Андреа. Но морам да се прилагодам на сопирањето повеќе отколку што очекував.“

„Работевме на сетинзите и на позицијата на мотоциклот. Ќе се концентрираме на ова и ќе се обидеме да го подобриме мојот стил на возење секој пат кога ќе излеземе на патеката.“

„Не сум разочаран но сум изненаден бидејќи повеќе или помалку очекував ист резултат како и на патеката во Валенсија. Но бев далеку од тоа. Она што ми дава самодоверба е дека постигнавме голем напредок и да се видат три мотоцикли на Ducati на врвот ни кажува дека мотоциклот има потенцијал да биде навистина брз.“

Back To Top