Валентино Роси настапи со мотоцикл кој имаше скриени крилца за време на дводневниот тест во Сепанг
Yamaha го имаше својот прв јавен настап со мотоциклот кој има скриени крилца. Ваквата реакција на тимот следува по комплетната забрана за нивна употреба.
На вториот ден од тестот во Сепанг, Валентино Роси го тестираше моделот кој имаше скриени крилца од двете страни на специјалниот, поширок, М1 додаток.
Во овој случај правилата не важат бидејќи тие се однесуваат само на додатоци кои се испакнати од мотоциклот.
Во однос на додатоците Роси изјави: „Ми кажаа дека не смеам да зборувам за нив. Но искрено, прекрасни се. Не прават голема разлика но прекрасно изгледаат. Ќе ги употребиме и утре па потоа ќе ги видиме резултатите.“
Вињалес и тест возачите на Yamaha исто така ги пробаа додатоците.
Останатите пет фабрички тимови на патеката во Сепанг се уште тестираа со старите додатоци. Сепак, признаваат дека работат на порадикален дизајн за да ја надополнат загубата на крилцата.