Пол Еспаргаро има само една цел во текот на зимската пауза: Да оздрави.

Возачот на Red Bull KTM се повреди откако при брзина од 250 километри на час излета од патеката за време на тестот на патеката во Сепанг. Поради тоа, го пропушти и тестот во Тајланд.

Во текот на годината, Еспаргаро ја скрши клучната коска а за време на тренингот во Брно, го повреди и грбот поради што пропушти три трки од сезоната.

За време на трката во Арагон, Еспаргаро повторно ја скрши клучната коска а се врати дури на трката во Тајланд.

Наградата за сета оваа болка дојде за време на последната трка од сезоната, кога Шпанецот успеа да се искачи на подиумот за прв пат во историјата на КТМ.

Но и за време на последниот тест од сезоната кој се оддржа во Херез, Еспаргаро се уште чувствуваше болку од повредата која ја доби во Брно.

Espargaro txt

„Дури и сега кога ќе се качам на мотоциклот и кога ќе го навалам вратот, чувствувам болка“ , откри Шпанецот.

„Тоа значи дека се уште не се доволно заздравени нервите на вратот. Немав доволно време за целосно да заздравам. Морам добро да се одморам во текот на зимата бидејќи сезоната која измина ми беше најтешката во животот.Не треба да правам нова операција, само ми треба одмор.“

Еспаргаро ќе се врати на патеката заедно со новиот тимски колега ,Јоан Зарко, за време на првиот тест во Сепанг.

Back To Top