Двократниот Светски шампион Кејси Стонер помина два дена во Јапонија со тестирање на новата Хонда со која Марк Маркез и Дани Педроса ќе се натпреваруваат во 2015 година.

stoner-2015

Двократниот Светски шампион Кејси Стонер помина два дена во Јапонија со тестирање на новата Хонда со која Марк Маркез и Дани Педроса ќе се натпреваруваат во 2015 година. За Стонер ова е прво качување на мотор по октомври минатата година кога исто така тестираше за Хонда.

Тест патеката на Хонда која е лоцирана во областа Канто има должина од 4.801 метар, му овозможи на Стонер два дена исполнети со тестирање на новата Honda RC213V за 2015 година. Тој тестираше различни сетапи на моторот како и различни спецификации на Бриџстоун гуми. Тој исто така помина извесно време во тестирање на Мишелин пневматиците, кои според планот треба да ги заменат Бриџстоун од 2016 година.

„Ми требаше малку време да се навикнам на моторот, помина цела година откако возев последен пат. Сепак се беше добро, брзо се навикнав и продолжив со тестот според програмата на Хонда.“ - изјави Стонер по тестот.

„Првиот ден помина одлично, ги тестирав планираните сетинзи на Марк и Дани за моторот од 2015 година, потоа направивме паралелна анализа и дојдовме до многу корисни информации. Исто така пробавме и неколку модификации на самите мотори, како и некои други работи кои Хонда ги планира за следната сезона. Денеска посветивме доволно внимание и на Мишелин гумите, па се кога ќе се земе во обзир, можам да кажам дека ова беше успешен дводневен тест во кој свртевме многу кругови“ - заврши тој.

Back To Top