„Само што ќе помислам ми се будат емоции“- После осум години, Ники Хејдн се враќа во тимот на Repsol Honda и ќе биде замена за повредениот Дани Педроса

Поранешниот светски шампион во MotoGP, Ники Хејден, ќе го замени повредениот Дани Педроса во тимот на Repslo Honda на трката која ќе се оддржи на Филип Ајленд.

Педроса се опоравува откако се здоби со скршеница на клучната коска. Тој излета на тренингот кој се оддржа пред Јапонската Гран При трка.

Возачот на Honda World Superbike, кој исто така беше замена и за Џек Милер на трката во Арагон, вели дека е воодушевен што повторно има можност да се врати во својот стар тим.

394567

Хејдн ја започна својата кариера во Repsol Honda во 2003 година. Тој постигна три победи, 25 пати успеа да се искачи на подиумот а во 2006 година успеа да ја освои светската титула. Тој исто така е и специјалист за трката која се оддржува на Филип Ајленд. Досега на оваа патека има освоено три места на подиумот, две пол позиции и еден најбрз круг.

„Најпрво, му посакувам на Дани побрзо да оздрави. Сигурен сум дека ќе се врати посилен. За мене ова ќе биде неверојатно тешка работа, но ова е можност, десет години откако ја освоив титулата, повторно да се вратам во мојот стар тим.“

„Да возам на Филип Ајленд со фабрички мотоцикл на Honda е неверојатно емоционално за мене и благодарен сум за можноста и довербата која Honda ми ја пружа.“

„Исто така сакам да му се заблагодарам и на мојот тим што ми дозволи да го направам ова а исто така благодарен сум и на спонзорите.“

„Сите работеа напорно за да ми го овозможат ова и се надевам дека ќе завршам добра работа за тимот,“додаде Хејдн.

„Во однос на Филип Ајленд, секогаш треба да се има на ум две работи. Времето и пневматиците. Оваа патека навистина ми се допаѓа и со нетрпение чекам да почне трката.“

Тест возачот на HRC и поранешен шампион во класата од 250cc, Хироши Аојама, го замени Педроса на трката во Мотеги. Тој заврши на петнаесетото место на трката.

Во меѓувреме, Педроса излезе од болницата каде што му беше направена операција. Во среда, тој ќе треба да се јави на контрола.

„Неколку дена по операцијата чувствував голема болка, но работите малку по малку се подобруваат,“ изјави Педроса. „Излегов од болница и во среда треба да се јавам на контрола. Дури после тоа ќе знам колку време ќе ми треба за да се опоравам и кога ќе можам да се вратам на трките. Исто така сакам да им честитам на Марк и на Honda за освоената титула.“

Back To Top