„За жал, сега одиме таму по една многу лоша сезона, на хартија, најлошата“- Валентино Роси

Валентино Роси ќе има за цел на трката во Австралија да се соземе од неуспехот кој го доживеа на Мотеги.

Малите шанси кои ги имаше Роси да направи нешто во шампионатот сосема исчезнаа откако излета од патеката додека беше на второто место.

rosi aust

Возачот на Mоvistar Yamaha стартуваше од првиот ред, а излета од патеката во моментот кога се обидуваше да го стигне Марк Маркез. На три трки до крајот, возачот на Repsol Honda, Марк Маркез,  успеа да го освои шампионатот откако и Хорхе Лоренцо излета од патеката.

До крајот на шампионатот не очекува неизвесна бора за второто место. Во моментов, Лоренцо заостанува само 14 поени во однос на Роси.

„Лошата страна е што не успеавме да освоиме поени во Мотеги но доброто е тоа што покажавме дека сме силни. Патеката на Филип Ајленд е фантастична и навистина ми се допаѓа тоа место. Ќе мораме и таму да се обидеме да бидеме брзи,“ изјави Роси.

Во периодот од 2001 до 2005 година, Роси доминираше на оваа патека, а потоа успеа да освои уште пет места на подиумот во премиерната класа, од кое последното во 2010 година. Во 2013 година, повторно успеа да се искачи на подиумот откако го освои третото место, а во 2014 година заврши на првото место.

Back To Top