Валентино Роси вели дека имал многу проблеми на правите делови за време на одржувањето на Француската Гран При трка а неговиот мотоцикл бил многу послаб во споредба со мотоциклите на неговите ривали.

За време на Француската Гран При трка, меѓу возачите кои освоија поени Валентино Роси имаше најниска максимална брзина. Трката ја заврши на петото место а пред него беше победникот Марк Маркез и три возачи на Ducati, Андреа Довициозо, Данило Петручи и Џек Милер.

Возачот на Yamaha не беше премногу далеку од триото на Ducati но сепак не успеа да ги претекне. Desmosedici ја искористи предноста која ја има на правец.

Иако Роси вели дека тимот има постигнато напредок во однос на издржливоста на пневматиците, сепак признава дека мотоциклот има помала моќност во однос на неговите ривали.

„Не бев доволно брз. Губам премногу на правците како и при излегувањето од свиоците“ , вели Роси.

„Во текот на целата трка се обидував да се борам за место на подиумот. Тоа ми беше целта но за жал не успеав да ги претекнам мотоциклите на Ducati.“

„Доброто е што при крајот на трката бев подобар. Изгледа дека во последните кругови имаме мало подобрување во споредба со минатата година. Ова е позитивно но не е доволно за да се бориме за место на подиумот.“

Rossi txt 23 05

„Ја подобривме издржливоста на пневматиците и мотоциклот сега е подобар за возење. Но и другите тимови, пред се Honda, имаат напредок и сега разликата кога сме заедно на правите делови од патеката е голема.“

„Исто така јас сум побавен од другите мотоцикли на Yamaha кои се на патеката и тоа мораме да го промениме. Секогаш сум далеку од врвот и тоа е тешко. Yamaha никогаш не била добра на правецот но оваа година губиме премногу.“

Роси исто така се надева и дека забрзувањето, кое е уште една слаба страна на М1, наскоро би можело да биде подобро.

„Можеме да се бориме да дојдеме до место на подиумот и мотоциклот е добар за возење. Многу работи зависат од патеката на која возиме но таква е реалноста.“

„Можеби ќе можеме да најдеме нешто и да го подобриме забрзувањето бидејќи и таму заостануваме.“

Back To Top