Хонда ќе ја продолжи соработката со двократниот Светки шампион Кејси Стонер во 2014 година за развој на новиот RC213V.

stone-test

Хонда ќе ја продолжи соработката со двократниот Светки шампион Кејси Стонер во 2014 година за развој на новиот RC213V.

Австралијанецот иако се повлече од МотоГП во 2012 продолжи да соработува со тимот оваа сезона и неколку пати се појави на Твин Ринг Мотеги патеката во Јапонија како тест возач. Да потсетиме, тој ја освои титулата во МотоГП шампионатот во 2007 со Дукати, а потоа во 2011 со Хонда која беше задоволна од неговите услуги па се одлучи да му понуди место на тест возач потоа.

Стонер освен новиот RC213V имаше прилика да го вози и RCV1000R за кого даде позитивни оценки. Тоа е новиот мотор кој во отворената класа ќе го возат Ники Хејден и Скот Рединг. Сепак тој ја отфрли можноста да ја претставува Хонда на тродневниот тест за гумите кој ќе се одржи од 3-5 март на патеката Филип Ајленд во Австралија.

За сега нема најава за враќање на Стонер на МотоГП патеките, иако многумина би сакале да видат дуел во кој ќе учествуваат Стонер, Маркез, Лоренцо, Педроса и Роси.

Back To Top