Гласините кои почнаа да кружат пред две недели ги негираше Валентино Роси, „Докторот“ беше гостин во радио емисија во која низ смеа изјави дека доколку се жени ќе треба да му го кажат датумот, бидејќи никој не го известил.

6a016763dcc86e970b01901c58a32d970b

Гласините кои почнаа да кружат пред две недели ги негираше Валентино Роси, „Докторот“ беше гостин во радио емисија во која низ смеа изјави дека доколку се жени ќе треба да му го кажат датумот, бидејќи никој не го известил.

Роси се забавува со Италијанскиот модел и мисица, 26 годишната Линда Морсели од летото 2012 откако раскина со неговата претходна девојка Марва Клеби.

За време на неговото гостување на „Radio DJ“ водителот го запраша за гласините дека наскоро ќе се ожени, а Роси во негов стил одговори: „Да, се е вистина, се е подготвено за венчавката, единствен проблем е што не ми го кажаа датумот...“

Сепак Роси за следната сезона има поголеми работи во главата отколку да негира шпекулации за можен брак. Самиот си постави рок од шест трки во кои ќе треба да покаже дека може да вози рамо до рамо со првите тројца. Неговиот договор со Јамаха истекува во 2014 година, но директорот на тимот Лин Џарвис е уверен дека Роси ќе даде се од себе договорот да биде продолжен: „Следната година тој ќе треба да ја подобри формата и да биде конзистентен со првите тројца. Неговата мотивација е голема, тој знае дека стартот е многу важен за неговата иднина. Секако дека ќе ја има нашата целосна поддршка, а мислам дека ќе биде навистина агресивен и ќе се бори за секој подиум.“

Back To Top