Марк Маркез и Honda ја намалија разликата пред завршувањето на тестот во Катар. Рамото на актуелниот шампион ги издржа напорните тестови. Мисли дека Ducati се многу добри. Лоренцо? Брз е еден круг но нема добро темпо...

Актуелниот MotoGP шампион, Марк Маркез е убеден дека има сила и брзина да се бори за место на подиумот на првата трка од новата сезона која се вози во Катар. Како и останатите возачи на тимот и Маркез заостануваше во однос на неговите ривали за време на првиот ден од тренингот. Но во неделата Маркез се искачи на петата позиција а во понеделникот беше трети.

Маркез имаше значително подобрување во однос на времето кое го постигна на еден круг, но темпото кое го имаше беше уште подобро. За време на двете сесии по 15 кругови, Маркез имаше резултат од 1 минута 55 секунди со што се изедначи со возачите на Ducati.

Marquez Qatar Txt 1 26 02

„Ова беше позитивен ден. Навистина сум среќен бидејќи тестовите не ги започнавме онака како што посакувавме. Бевме побавни за речиси една секунда по круг. Вчера бевме малку побрзи но со она што го постигнавме денеска, слободно можам да кажам дека имаме сила да се бориме за место на подиумот“, изјави Маркез.

„Ова е важно бидејќи навистина имаме проблеми на оваа патека.“

Исто така треба да се биде и внимателен бидејќи овие времиња не значат премногу.

„Мотоциклите на Ducati  беа далеку зад нас. Но тие се сепак многу брзи и истовремено паметни. Затоа не треба премногу да притискаме за да бидеме први бидејќи сите возачи сезоната ја започнуваат со нула поени.“

Шпанецот вели и дека возачите кои ќе се борат за титулата нема да се дознаат се додека не завршат трките кои следуваат после Катар.

„На првата трка сите ќе бидат брзи бидејќи сите тимови тестираа тука. Вистинската борба ќе се случи кога ќе заминеме во Аргентина, Остин и Херез каде што немаме тестирано.“

Во однос на она што досега можел да го забележи, Маркез вели: „ Ја подобривме брзината и тоа е навистина важно. Но се уште се мачиме со некои работи со кои имавме проблеми и минатата сезона. Се уште се обидуваме да најдеме подобра тракција кога излегуваме од свиок.“

„Друга работа на која треба да посветиме внимание е предниот дел од мотоциклот. Малку ја променивме шасијата и не е лесно да се разбере како функционира таа. А денеска видовме дека кога температурата се намалува, сите четири мотоцикли на Honda паднаа.“

„Тоа значи дека се уште не очекува работа и треба да се обидеме да дознаеме зошто не можеме да користиме меки пневматици. Но како што кажав и претходно, ако на трката во Катар можеме да се бориме за место на подиумот, тогаш сме во многу добра позиција бидејќи ова е патека на која секогаш имаме проблеми.“

Marquez Qatar Txt 2 26 02

Маркез мораше да помине помалку време на патеката за време на тестот во Сепанг поради повредата на рамото. Вели дека овој викенд бил во многу подобра состојба.

„Особено сум задоволен бидејќи вчера извозев 58 круга. Малку бев загрижен за тоа каква ќе ми биде состојбата со рамота денеска но се е во ред. Се чувствувам подготвен да ја почнам сезоната.“

„Многу добро го тестирав рамото. Во свиокот број шест паднав на левата страна. Возев со цврстата предна гума бидејќи на таа се чувствувам подобро. Но потоа температурата се намали и почна да дува ветер. “

Во Катар на Маркез му се приклучи неговиот тимски колега, Хорхе Лоренцо. Три-кратниот шампион го пропушти тестот во Сепанг поради фрактура на зглобот.

Поранешниот возач на Ducati и Yamaha заврши на петото место на табелата со заостанување од само 0.040 секунди зад Маркез.

„Лоренцо денеска извозе многу добар круг. Има добра брзина за еден круг но во однос на темпото кое е потребно за целата трка, тој многу заостанува“ , вели Маркез. „Ќе видиме како ќе биде за време на трката. Обично ова е патека на која тој е многу брз и му одговара на неговиот стил на возење.“

„Секако дека му е потребно време, но мислам дека заврши добра работа. Но знаете, вие сте дел до HRC и секогаш морате да се борите за најдобрите позиции. “

За време на трката која минатата година се оддржа во Катар, Маркез заврши на втората позиција со заостанување од само 0.027 секунди зад победникот Андреа Довициозо.

Back To Top