Интересни снимки од Валенсија минатата година кога Валентино Роси и Луис Хамилтон ги заменија нивните MotoGP/F1 машини.

Со цел да се одбележи уникатната размена која се случи меѓу Валентино Роси и Луис Хамилтон минатата година, Monster Energy објави интересно видео од се она што се случуваше зад сцената на патеката во Валенсија.

Во него не е прикажано само возењето и интервјуата со Роси и Хамилтон туку и разговорот меѓу Британецот и Франко Морбидели кој се случи еден ден претходно, кога возачот на Petronas Yamaha му објаснуваше на Хамилтон како да вози со R1.

„Мислам дека главата треба да ти биде понапред“, му одговара Морбидели на Хамилтон кога Британецот се пожали дека чуствува дека неговото тело не е доволно далеку од мотоциклот.

„Каков ден. Благодарам што имаше доволно трпение со мене“, додава Хамилтон.

„Видов неколку видеа и мислам дека твојот стил е малку старомоден“, изјави Роси следното утро пред да ги посочи разликите меѓу Хамилтон и Морбидели.

„Сигурен сум дека М1 ќе ти се допадне повеќе. Сличен е на R1. Но иако основата е иста сепак тој е многу побрз, полесен, сопирачките се подобри и подобар е за вртење.“

lewis hamilton valentino rosi txt 16 12

Во меѓувреме, Роси признава дека бил малку нервозен кога го возел болидот на Формула 1 шампионот. После првиот свиок, Италијанецот изјави: „Се чуствувам како да сум во машина за перење алишта.“

Во видеото и членови на Mercedes го даваат своето мислење.

„Одлично искуство. Сигурен сум дека и Луис го дели моето мислење. Барем еден ден почуствував како е да се биде Формула 1 возач. Болидот е фантастичен и ми преставува голема чест што го возев“, вели Роси.

„Отсекогаш сум бил фасциниран од мотоциклите и од она што возачот и машината можат да го постигнат. Целото искуство беше неверојатно“, додаде Хамилтон.

„Иако последните неколку години возам мотоцикли, ова беше нешто сосема поинакво. Само да се види една ваква легенда на патеката пред мене и да се вози неговиот мотоцикл е едноставно неверојатно.“

Back To Top