HOREX, Германскиот производител на мотоцикли се потпира на лубрикатните на Motul за нивните моќни V6 мотори.

HOREX, Германскиот производител на мотоцикли се потпира на лубрикатните на Motul за нивните моќни V6 мотори. Воскреснувањето на исконскиот бренд во 2015 -та, доведе до креирање на три различни модели неколку години подоцна. За време на EICMA мото шоуто разгиоваравме со проект менаџерот на HOREX, Фридер Нодлер кој ни откри интересни приказни за најстариот мото бренд во Германија.

Фридер, можеш ли да ни ја раскажеш историјата на брендот.

„Со задоволство. Тоа е една навистина интересна приказна. Традиционалниот Германски бренд, HOREX беше креиран во 1923 година. Денеска само два Германски бренда се активни на пазарот. Нашата компанија наскоро ќе доживее 100 години. Во 2015 година го вративме духот на компанијата. За време на педесетите години, сите кои се дел од светот на мотоциклите го знаеа Regina кој го произведуваше нашата компанија. Тој беше еден од најпродаваните мотоцикли. Целта ни е да ги вратиме вредностите по кои бевме познати во минатото.“

Кои вредности се потребни за да бидете успешни? Денеска пазарот е навистина конкурентен.

„Се фокусираме на индивидуализмот и иновациите. Обезбедуваме врвен квалитет комбиниран со најнова технологија и мотор кој не може да се најде секаде. Тоа е разликата меѓу HOREX и останатите компании на пазарот. “

Horex Motul txt 1 12 12

Кои се стои зад HOREX мотоциклите и што го прави овој мотоцикл да биде толку посебен?

„Ние сме компанија која е во приватна сопственост и наша специјалност е „high-tech“ инжинерингот. Во однос на нашите јаки страни, ние обезбедуваме VR6 мотор кој има 163 коњски сили. Ние први на пазарот ја преставивме CFRP рамката. Мотоциклот тежи околу 219 килограми, што и не е премногу за ваква машина. Фокусирани сме на возачите кои сакаат премиум квалитет. Покрај сите овие работи, имате многу опции сами да го стилизирате. Во однос на деловите кои ги има машината, ние користиме само најквалитетни работи, сопирачки од Brembo, суспензија од Öhlins а за маслото е задолжен Motul.“

Horex Motul txt 2 12 12Како се одвива производствениот процес?

„Го користиме принципот „Еден човек, еден мотор“. Еден специјалист е задолжен само за еден мотор. Тоа остава личен потпис на секоја креација. Механичарот е задолжен за квалитетот на неговата работа. Кај нас ниту еден дел не е автоматизиран. Ова е уникатна комбинација на рачна изработка и високо квалитетни делови. Сакаме кога ги комбинираме овие две работи.“

Слушнавме дека соработката со Motul е многу подлабока...

„Токму така. Motul е наш партнер при развојот на моторот, уште од првиот чекор па се до финалната изработка. Заедно креиравме доста специфично масло за VR моторот. Во однос на моќноста и издржливоста, маслото перфектно одговара на овој мотор.“

Horex Motul txt 3 12 12

Денеска имате три модели на пазарот.

„Да, ги имаме VR6 Classic, VR6 Café Racer и VR6 Raw. “

Кои нови модели можеме да ги очекуваме и каде ќе се продаваат тие ?

„Тоа не сакам да го откријам во моментов но ви ветувам дека ќе се изненадите. Во однос на пазарите, мотоциклите веќе ги преставивме на пазарите каде главно се зборува германскиот јазик. Наскоро ќе почне да се продава и во останатите земји низ Европа. Почнувајќи од 2020 година, нашите мотоцикли ќе може да се најдат во Италија и Франција, две држави кои силно се поврзани со Motul.“

Horex Motul txt 4 12 12

Back To Top