Вести од светот

Lifan расте, од следната година ќе се најде на пазарот во САД

Lifan, кој е најголемиот производител на мотоцикли во Кина и еден од најголемите во светот, повторно ќе влезе на пазарот во САД во 2017 година со неколку модели.

Следете нè на:

 

Lifan, кој е најголемиот производител на мотоцикли во Кина и еден од најголемите во светот, повторно ќе влезе на пазарот во САД во 2017 година со неколку модели.

American Lifan KPR ActionShot 770x429King Power Racing 200 (KPR-200)

King Power Racing 200 (KPR-200)

На сликата погоре е King Power Racing спортскиот мотоцикл кој има зафатнина од 200cc. Ако сте запознаени со другите кинески мотоцикли, тогаш веќе знаете дека тие обично имаат клонирани Honda CG125 мотори кои имаат воздушно ладење и карбуратор. Интересно е да се види дека Lifan барем се обидува да влезе во 21 век со нови, модерни мотоцикли. Само времето ќе покаже дали тие ќе бидат доволно квалитетни за да опстанат на американскиот пазар. Неговата висина на седиштето изнесува 77cm, тежината му е 149 килорами и може да постигне максимална брзина од 120 км на час.

AmericanLifan KPRb sideright 768x765 1 770x502

King Power 200 (KP-200)

Многу малку е познато за овој мотоцикл освен спецификациите кои се речиси идентични како и кај KPR-200. Единствената разлика која можам да ја забележам е дека е за неколку килограми полесен.  Според тоа, можеме да претпоставиме дека станува збор за соголена верзија на неговиот спортски роднина.

AmericanLifan PR kp mini 150 770x561King Power Mini 150 (KP Mini)

King Power Mini 150 (KP Mini)

Овој мотоцикл на себе го има најдобриот, клониран, мотор на Honda. Овој мотоцикл е за 10 килограми потежок од моделот „Grom“ и како што можете да видите, има променета предна вилушка и предни и задни диск сопирачки.  Според спецификациите, „ Lifan mini“ има 2 коњски сили повеќе од моделот „Grom“. Тоа можеби и не е толку многу, но кога зборуваме за мотоцикл со оваа големина, тоа всушност претставува пораст за 20%.

X PECT 1 768x594 770x596X-PECT 200

X-PECT 200

Lifan беше дел од AIMExpo шоуто кое се оддржа во Флорида минатиот месец и таму претстави еден „dual sport“ модел за кој немаше дополнителни информации. На нивната интернет страна може да се види овој мотоцикл кој има мотор со зафатнина од 200cc и воздушно ладење и кој има тежина од 129 килограми. Сите кои сакаат оф роуд возење знаат колку се популарни евтините мотоцикли.

Lifan постои од 1992 година и како и сите други познати компании започна со еден човек кој правеше мотоцикли во својата гаража. Тие и претходно беа присутни во САД но мораше да си заминат бидејќи нивните мотоцикли не исполнуваа одредени прописи. На пазарот во Азија тие се главен играч кај малите мотоцикли, а исто така прават и автомобили, камиони, автобуси.

Извор: rideapart.com

Би можело да ве интересира

„Не е случајност и не се работи само за една трка. Од минатата година на патеките во Мисано и Арагон, постојано се наоѓаме блиску до подиумот“ – Давиде Бривио.

Мојата главна цел е да се обидам и да дојдам до место во некој фабрички тим. Би сакал тоа да биде Ducati.

Организаторите на релито Дакар објавија дека познатата трка од Јужна Америка ќе се префрли во Саудиска Арабија.

„Имавме поинаков проблем во споредба со вчера“ – лошиот старт на сезоната за Хорхе Лоренцо продолжи и на патеката во Тексас.

Можам да се обложам дека во 98 проценти од сите прегледи кои ќе ги најдете за Guzzi V85 TT, по неколку пати ќе го сретнете зборот „карактер“ и какво е вашето чувство кога сте на оваа класична, ендуро машина како што ја нарекува Moto Guzzi.

„Во последниот круг се обидов да останам смирен бидејќи знаев дека Валентино има големо искуство во вакви ситуации“ – Алекс Ринс.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.